Ана Еверс прогласена за модел на годината!

6 јануари, 20160
17

Кендал Џенер и Џиџи Хадид ја изгубија битката од страна на неочекуваната натпреварувачка, девојката од насловната страна на Вог и муза на дизајнерот Александер Ванг – Ана Еверс (22).

Германската манекенка Ана Еверс е прогласена за манекенка на годината од страна на експертите од модната индустрија, и покрај тоа што ангелите на Викторија се на првото место според изборот од страна на публиката. Со многубројните следбеници на социјалните мрежи како и со популарноста која ја стекнуваат како ангели на Викторија, Кендал Џенер и Џиџи Хадид делуваа како топ два избори за титулата за најдобрата манекенка во 2015 година. Но, овие девојки изгубија од страна на една неочекувана натпреварувачка, девојката од насловната страна на Вог и муза на дизајнерот Алекасндер Ванг – Ана Еверс (22).

Експертите од модната индустрија – стилисти, фотографи и модни уредници ја прогласија Ана како нивен најдобар топ модел, додека Џиџи беше веднаш зад неа, па Кендал, со што тие двете го освоија медиумскиот простор.

Џиџи исто така е прогласена и за ѕвезда на годината на социјалните мрежи, и покрај тоа што има 10.4 милиони следбеници на Инстаграм, додека младата полусестра на Ким Кардашијан има 44.3 милиони следбеници.

Популарниот сајт „Model.com“ издаде соопштение во кое пишува дека манекенката на годината е крунисана бидејќи е лице кое ја дефинира оваа година со своите сеприсутни побарувања и присуство во модната индустрија.

Инаку, Ана ја откри дизајнерот Александер Ванг преку нејзините фотографии на блогот. Потоа таа се појави дури девет пати на насловните страни на интернационалното  Вог издание и беше заштитно лице на Шанел и Ванг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi