Од рускиот град Сочи доаѓаат неверојатни снимки од незапамтено невреме по кое половина град бил поплавен.
Брановите биле толку високи што само за неколку минути олимпиското село се претворило во огромен базен, пренесоа медиумите.
Извештаи од Русија говорат дека брановите биле повисоки и од 5 метри, што предизвикало целосна блокада на градот. Стеблата се рушеле и на електричните кабли и плинските цевки, така што половина град останал без плин и електрична енергија.
Штетата во Сочи е огромна, но со оглед на тоа што е омилено место за одмор на рускиот претседател Владимир Путин, се верува дека нема долго да се чека на санација.