Бешиката лесно заболува на студено

2 ноември, 20160
1

Во овој период од годината зачестуваат уринарните болести, особено кај жените.

Недоволоното затоплување и лоша облека, посебно чевли, по дождливо и студено време, се најчестата причина за појава на уринарни инфекции. Кога на телото му е студено, доаѓа до пад на имунитетот  и размножување на бактериите, кои ги напаѓаат мочните канали и бешиката.

Бидејќи мочните канали кај жените се пократки, бактериите  полесно успеваат да ги нападнат, тврди примариус др. Весна Џекич Тасич од здраствениот дом Раковица. Сексуално активните жени, се посебно изложени на овој ризик бидејќи бактериите кои се причина за овие инфекции директно се пренесуваат преку гениталните органи во мочните канали. Исто така и контрацептивните средства ја менуваат вагиналната флора.

Одложувањето на празнење на бешиката исто така може да биде причина за инфекција.

Хроничните болни ,особено дијабетичарите, мажи со зголемена простата, луѓе кои патат од камен во бубрег и постари од 65 години мора посебно да се пазат од настинки бидејќи се поизложени на уринарни инфекции.

Симптомите на уринарните инфекции, не се исти кај сите пациенти, но кај повеќето се јавуваат како потреба за почесто мокрење, со мала количина и чувство на недоволно измокрување.

Болно мокрење во вид на печење или болка во пределот на бешиката, како и непријатен мирис, матен изглед на урината, понекогаш  обоен со црвеникава боја е јасен показател за потреба од лекарска помош – советува др. Весна. Возможна е појава на покачена телесна температура, пропратена со тресење и бол во грбот, мачнина и повраќање.

Преглед на урината е првиот чекор во дијагностицирањето на инфекцијата, додека уринокултура се прави кај пациенти со почести инфекции.

Покрај терапијата што ќе ја одреди доктор, се советува зголемен внес на течности, како вода и чаеви за полесно исфрлање на бактериите. Течностите се важни бидејќи го оневозможуваат собирањето на калцификати во мочните канали. Нивното движење може да доведе до мали оштетувања на мочните канали што пак може да доведе до подобно место за развој на бактериските инфекции.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma