Бизарниот љубовен живот на Анџелина Џоли

popara28 септември, 20161min00
4

Еднаш изјави дека спиела само со 4 мажи, од кои тројца биле нејзини сопружници.

Но, Анџелина Џоли искусила многу побизарен љубовен и сексуален живот, отколку што било кој во Холивуд може да сонува.

41-годишната актерка го раздрма светот со барањето за развод од нејзиниот долгогодишен партнер и сопруг Бред Пит, заради ненадминливи разлики.

Ако ги заборавиме мирните години поминати со Бред Пит и децата, Џоли има прилично бурна љубовна историја.

„Бев член на група наречена Kissy Girls. Бев многу сексуално развиена во градинка“, гласеше чудната изјава за ОК! Магазинот во 2007-ма година.

„Креирав игра во која треба да ги бакнете момчињата од групата и да им дадете „шуга“. Потоа се бакнувавме уште подолго и се соблекувавме. Бев во многу неволји заради тоа“.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-1.jpg

Џоли има изјавено и дека ја изгубила невиноста на 14 години, со поддршка од нејзината мајка.

„Кога имав 14 години, или требаше да бидам неразумна по улиците со моето момче или да бидам дома, безбедна, во мојата соба, со мајка ми во соседната соба знаејќи што се случува,“ откри за Космополитен во 2003-та година.

„Кога почнав да имам активен секс со моето момче, емоциите не ми беа доволни. Не бев веќе мало девојче. Во еден момент сакав да се чувствувам поблиска со него, па земав нож и го исеков. Истото ми го направи и тој. Тогаш разменивме нешто повеќе, бевме покриени во крв, а срцето ми биеше. Оттогаш кога и да се чувствував заробена, се пресекував. Имам многу лузни. Тоа беше време кога бев авантурист и по само неколку пива работите стануваа интересни.“

На 20 години Џоли признава дека веќе ја имала пробано секоја можна дрога, а благодарение на нејзиниот прв сопруг Џони Ли Милер, вели дека успеала да се извлече од својата темна страна.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-2.jpg

Тие се запознале во 1995-та година и тогаш тврдеше дека со него го имала второто сексуално искуство, по тинејџерската љубов.

Паралелно со нејзината втора љубов, Џоли проба истополова љубов, односно влезе во тајна врска со актерката и модел Џени Шимизу, која ја запозна во 1996-та година.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-3.jpg

„Веројатно ќе се венчав за неа ако не се омажев за мојот тогашен сопруг,“ откри Џоли неколку години подоцна.

„Се заљубив во неа во првата секунда кога ја видов.“

Сепак, Џоли ја прекина врската со Џени и во 1996-та година ја обнови романсата со Милер и се омажи за него.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-4.jpg

3 години подоцна, во февруари 1999-та, се разведе.

Во 2000-та година Џоли ја следеше нов скандал – бакнувањето со сопствениот брат, на црвениот тепих на Оскарите.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-6.jpg

Откако го доби првиот Оскар, отворено призна: „во моментов сум многу заљубена во мојот брат“.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-7.jpg

Истиот месец нешто подоцна, почна врска со Били Боб Торнон и 2 месеци подоцна се омажи за него во Лас Вегас.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-8.jpg

Парот се запознал на снимање заеднички филм.

Торнон, кој е 20 години постар од неа, изјавуваше големи количини на љубов кон Џоли, а тргнувајќи од нејзината масивна Били Боб тетоважа на рамото, ова се чинеше како романса која ќе трае.

Парот е познат по тоа што меѓусебно си носеа неколку капки крв во приврзок за ланче.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-9.jpg

Во 2002-ра објавија дека ќе посвојат дете од Камбоџа, но само 3 месеци подоцна се разделија.

Во 2005-та беше обвинета дека таа е виновникот што Бред Пит ја остави Џенифер Анистон, бидејќи тие двајца започнале тајна врска на снимањето на Господин и Госпоѓа Смит.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-10.jpg

Џоли негираше на времето, но подоцна призна дека се заљубила во Пит за време на снимањето на филмот.

„Да бидеш интимен со оженет човек, кога мојот татко ја изневеруваше мојата мајка, не е нешто што би можела да си го простам,“ рече Џоли во едно интервју една година подоцна.

Во секој случај, врската на Џоли и Пит беше официјално објавена во 2006-та година, кога воедно објави дека е бремена со нивното прво дете.

baknuvanje-so-svojot-brat-vrski-so-zeni-bizarniot-ljuboven-zivot-na-angelina-jolie-11.jpg

По 7 години и 6 заеднички деца, објавија дека се верени во април 2012-та, а венчавката се одржа на 23-ти август 2014-та.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag