Брзи шпагети Карбонара
7 ноември, 20160
![8](https://popara.mk/wp-content/uploads/2016/11/8-4.jpg)
Состојки:
3 јајца
1 и пол ќесичка пармезан
150 гр сланина
400 гр шпагети
сол
пипер
маслиново масло
Подготовка:
Во длабок сад ставете вода да зоврие. Во тавче, загрејте го маслиновото масло и пропржете ја сланината која веќе сте ја исецкале на мали парчиња. Во тенџерето ставете ги шпагетите да се сварат. Во сад за послужување изматете ги јајцата. Додадете го пармезанот, солта и пиперот и повторно убаво промешајте. Штом шпагетите ќе бидат готови, брзо исцедете ги и додадете ја смесата од јајца. Прелијте ги со жешката сланина, а можете да го додадете и маслото. Добро промешајте. Од топлината на сланината и шпагетите, смесата од јајца ќе се зготви. Послужете ги додека се топли.