Цеца: Не сакам да се навраќам на времето што ми донесе само страдање и болка

2 февруари, 20160
10

Цеца Ражнатовиќ беше апсена, лежеше во Централен затвор, а потоа и во куќен притвор. Многумина ја напаѓаа, но таа се бранеше со молчење. Кога ја прашуваа зошто била во притвор и дали тоа има врска со тоа што во куќата ѝ било најдено оружје од нејзиниот сопруг, Цеца изјави дека тоа е стара приказна.

„Не сакам да се навраќам на тој период и на времето што ми донесе само страдања. Ретко коментирам што сè преживеав тогаш  Не правев скандал во медиумите и можеби тоа е мојата грешка. Да бев погласна и да се бранев од нападите, можеби подобро ќе поминев во животот и немаше да ми лепат секакви етикети. Мојата агонија траеше десет години и до денес некои работи не ми се јасни“, изјавила Цеца.

Познато е дека Цеца и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан биле пријатели со убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

„Ние бевме блиски пријатели, Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на  Маракана првото цвеќе го добив токму од Зоран и од неговата сопруга Ружица. И по смртта на Жељко, Зоран и јас бевме во одлични односи. Тој беше првиот што дојде да ми изрази сочувство. Ми кажа: ’Ајде заедно да тргнеме против Милошевиќ и да го тргнеме од власта’. Јас го одбив. Никогаш не се занимавав со политика и воопшто не ме интересира. А тогаш се случи атентатот врз Зоран, а сите ние многу загубивме со неговата смрт“, појаснува Цеца.

tumblr_nbwpik5cSZ1ro8170o1_500Пејачката појасни дека била уапсена поради затајување данок.

„Тоа се случуваше во времето на ембарго кога единствено беше можно да се плаќа во кеш. Казнета сум поради трансфер што дојде во кеш и е прокнижен на мое име. Затоа ја плаќам казната, а не поради затајување данок, бидејќи тие сметаа дека јас имав лична корист. Секој динар што дојде од фудбалерите е вложен во клубот Обилиќ, што е и евидентирано. Па огромниот стадион не падна од небо“, изјави Цеца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *