Чудовиште од Русија: Викинг 29031 гази се пред себе а може и да плови!

popara20 јануари, 20161min00
14

Покрај бројните воени чудовишта од возила, Русите имаат и се побогата цивилна понуда, а еден од нив е џипот “Викинг 29031″ кој може и да плови!

viking_dzip

Неодамна Русите ја презентираа новата Лада Нива со шест тркала како нивна алтернатива на Мерцедесот G63 АМG 6х6. Секако, предностите на оваа Лада се во теренските способности, многу повеќе отколку во опремата и имиџот.

Сепак, Русите имаат уште едно импресивно возило кое не спаѓа во воениот погон. Станува збор за џипот “Викинг 29031″ кој го прозиведува фабриката Атом Импулс која се наоѓа во Татарстан. На прв поглед јасно е дека се работи за робусен теренец. Тој е тежок околу два тона и е способен да превезе 7 лица или околу 850 килограми товар, а е опремен со големи пневматици со низок пртисок со кои е многу полесно да се совлада терен прекриен со снег.

Покрај тоа неговите пневматици имаат и систем за контролола на притисокот која овозможува тие да се издишат кога возачот има потреба од тоа. “Викингот 29031″ може и да го менува растојанието на возилото од тлото од минималните 300 до максималните 600 милиметри, што е доволно за преминување на било кој терен.

viking_dzip2

Но и тоа не е се. Викингот е и амфибиско возило што значи дека е способен да совлада и водени препреки, односно да плови благодарение на неговиот Water – jet погон кој во водата обезбдува брзина и до 12 километри на час. Во моментов на заинтересираните купувачи им се нудат две верзии од овој џип со различни мотори.

Едниот од нив е мотор на Форд, па затоа и не чуди дизајнот на воланот кој е сличен како кај фордовите автомобили, па дури и менувачот. Возачот инаку седи централно, како во Формула 1, додека зад него се сместени седиштата за патниците или просторот за товарот.

viking_dzip5

Веројатно многумина се прашуваат колкава е потрошувачката на овој монструм, а според патничките спецификации тоа се 15 литри нафта на 100 килметри на пат, а 20 литри на офф- роуд. Викингот има уште една предност, а тоа е неговиот огромен разервар со кој може да помине над 1 000 километри што во земја како Русија е навистина важно.

Податоци за точната цена на Викингот се уште нема, но таа најверојатно ќе биде пониска од онаа на неговите конкуренти како Land Rover Defender.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag