Светското првенство во покер (WSOP) по многубројните турнири во Лас Вегас дојде до крајот, а од дури 6.737 пријавени натпреварувачи, на крајот останаа само двајцата Американци: Кјуи Нгујен и Гордон Вајо.
Двајцата цели 7 часа се бореле за победа и главна награда од 8 милиони долари, а на крај пресудила неверојатната агресивност на Нгујен.
Многумина ќе речат дека мноментот на пресвртот бил еден од најголемите блефови на сите времиња, кога Нгујен со апсолутно ништо во раце му ги собрал чиповите на Вајо, иако овој имал пар уште на флоп.
Вајо подоцна успеал да се врати во игра, но сепак изгледа дека токму овој момент го скратил за 8 милиони…
https://www.youtube.com/watch?v=nSQQKZhCgQQ