Дали знаете зошто мачките ви го носат својот „плен“?

popara22 ноември, 20161min00
4

Истражувањата покажаа дека на газдите, својот плен почесто им го носат женските мачки кои се стерилизирани, особено кога носат ранети (уште живи) животни.

Ако сте сопственик на мачка која освен во стан/куќа, дел од денот минува лутајќи слободно надвор од својот дом, веројатно приметивте дека вашите љубимци понекогаш ви ги носат своите трофеи, како што се глувци, птици и слични животинчиња. Дали некогаш сте се запрашале зошто го чинат тоа?

Одговарајќи на тоа прашање LiveScience.com наведува дека и покрај фактот дека првите домашни мачки се припитомени пред повеќе од 10 илјади години, и дека иако немаат потреба да си ловат храна за себе, тие тоа сепак го чинат, бидејќи сé до денес тие ги сочувале ловечките инстинкти на своите диви предци.

Тоа однесување, научниците го објаснуваат со фактот што во дивина, мајките мачки го чинат истото и на тој начин им покажуваат на малите мачиња како да го ловат пленот.
Домашните (особено стерилизираните) мачки немаат на кого да му го покажат своето знаење, па наместо на мачињата, пленот им го носат на своите газди. Ви носат ли вам вашите љубимци трофеи од прошетките?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag