Дерматолозите советуваат – обрнете внимание на вашите пори

15 јануари, 20160
20

Колку пати сте го слушнале изразот затнати пори и колку пати сте се запрашале што всушност значи тоа?

Познатиот светски дерматолог Нил Шулц одговара на тоа прашање и го привлекува вниманието кон важноста на негата на лицето. Еве зошто треба да обрнете внимание на вашите пори.

Како што тврди докторот Нил, затнатите пори се резултат на масна кожа и мртви клетки од кожата.

„Сите имаме жлезди во вториот слој од кожата (дермис) кои служат за лачење масти кои ја хидрираат и штитат нашата кожа. Тубата која ги филтрира мастите се нарекува цевка и нејзиниот врв е она што ние го нарекуваме пора“.

Доктор Шулц секогаш сака да им помогне на своите пациенти да го визуализираат системот на работа на овие жлезди.

„Замислете дека оваа туба е како градинарско црево. Ако го згазнете, водата и понатаму ќе тече, но нема да има каде да помине и ќе резултира со затнување.“

Тоа се случува и со природните масла – ако пората се затне тие нема каде да избијат. Тогаш добивате пора која е 5 пати поголема отколку што би требало да биде бидејќи е затната.

Најголем број запушени пори настануваат во периодот од 13 до 25 години кога хормоните играат голема активна улога во нашиот организам. Меѓутоа доктор Нил има добри вести.

„Еден од моите омилени начини за ослободување од затнати пори е гликолна киселина.Таа успешно ги впива вишокот маснотии и се ослободува од мртвите клетки.“

„Друг омилен метод е со помош на млечна киселина која исто така е прилично ефектна.“

Но постојат и некои препарати кои треба да ги избегнувате, а тоа е:

  • ретиноид (ретинол)

Ретиноидите често предизвикуваат иритација на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi