
Само седум месеци откако тие се венчале, Метју и Даниел Дејвис го доживеале најголемиот тест за нивната љубов.
Метју доживеал сообраќајна несреќа, по што тој паднал во кома. Лекарите и рекле да го исклучи од апаратите, затоа што тој не може да се спаси.
Сообраќајна несреќа била толку страшна што е право чудо што Метју преживеал воопшто. Можноста да се разбуди од кома скоро и да не постоела. Лекарите и советувале на Даниел да му дозволи да умре.
“Докторот и нацртал на табла и, и објаснил дека 90 отсто од луѓето во негова состојба никогаш не се вратиле од кома. Тој ми кажа дека, ако би се работело за него, тој би очекувал од неговото семејство да го исклучат од апаратите”, вели Даниел.

Таа одбила.
Месеците поминувале, а Даниел одлучила да го префрли нејзиниот сопруг од болница, дома. Таа одлучила самата да се грижи за него и никогаш не се откажала од верувањето дека тој ќе се разбуди повторно.
По три месеци во кома, чудото на кое се надевала Даниел толку многу, се случило. Метју се разбудил, но последиците биле сериозни. Метју не можел да оди, зборува, не знаел која е Даниел ниту кое е неговото име. Таа дури и тогаш не се откажала. Закрепнувањето било тешко, но успешно.
Четири години подоцна, Метју нормално може да зборува, да се движи, му се вратиле сите мозочни и телесни функции.
“Ако не беше ти денес, немаше да ме има и мене”, изјавил Метју, кој е бескрајно благодарен на Даниел што никогаш не го напуштила.
Се чини дека оваа жена, кога ветила дека ќе биде со него “во добро и во зло” навистина така и мислела.