Според новото истражување објавено во Весникот за сексуална медицина, една од три хетеросексуални жени пробала анален секс. Со студијата беше проучуван сексуалниот живот на 10.463 стрејт жени меѓу 15 и 44 години.
Истражувачите откриле дека 36.3 одсто од нив имале анален секс барем еднаш во животот, но на голем дел од нив воопшто не им се допаднал бидејќи само 13,2 одсто од испитаничките имале анален секс во последните 12 месеци.
Она што е интересно, е што научниците наводно откриле каков тип на жени е најверојатно да имаат анален секс.
Станува збор за жени во дваесетите години без религиозни ставови и без високи примања или образование.
Аналниот секс, исто така, почесто имаат мажените жени кои живеат со своите партнери, отколку сингл девојките.
Покрај ова, откриени се и други фактори кои би укажувале на тоа дека девојката е отворена за анален секс: имала секс со жена, ненамерна бременост, изгубила невиност пред навршени 16 години и во последната година имала проблем со некоја сексуално пренослива болест.
Сепак,статистиката покажала дека најголеми шанси за анален секс имате кај девојка без религиозна определба,