Долче и Габана освојува нови пазари. Популарниот италијански бренд ја создаде првата модна колекција за муслиманки.
„Новата колекција на Долче и Габана е мечта помеѓу пустинските дини и небото на Блискиот Исток: волшебна визуелна приказна за грациозноста и убавината на чудесните жени од Арабија“ – пишуваат од реномираната модна куќа на Facebook.
Колекцијата, во која доминираат црната и бежовата боја, наскоро ќе биде достапна за купување во Обединетите Арапски Емирати.