Дознајте каква жена би посакал секој маж…

19 февруари, 20160
10

Полните усни, убавата коса и долгите нозе не се секогаш главните адути зошто партнерот ве сака. Постојат и многу ваши нефизички карактеристики кои делуваат магнетски на мажите околу вас.

Дознајте каква жена би посакал секој маж…

Жени кои знаат да слушаат

Без она „ти кажав“, без советите и решенијата за секоја ситуација што би сториле ако бевте на неговото место, вие ќе му покажете дека се грижите. Покажете трпение и поддршка и дадете му време да процесира пред сам да посака да говори на темата.

Спонтани жени

Ако одите со текот, бестрашно пеете пред народ или играте сами низ дома, тие ќе бидат пријатно изненадени од вас. Секогаш ќе сакаат да ја видат вашата позитивна и спонтана реакција, која им го разубавува денот.

Жени кои се добри возачи

Секоја модерна жена треба да има возачка дозвола и иако се жалат на женските возачки способности тие уживаат што кога ќе испијат некоја чашка алкохол повеќе вие можете да ги возите.

Успешни и исполнети жени

Жените кои уживаат во работите што ги прават и кои не се жалат за работите што ги немаат се магнет за мажите. Среќни се во својата кожа и знаат дека се одлични жени кои заслужуваат одличен третман.

Жени што уживаат во храната

Опсесивното броење на калориите нема да импресионира маж. Тој сака со вас да може да појде на пица или вечера. Знаете дека ја сакаат самодовербата.

Жени кои добро готват

На баба ви советот дека патот до машкото срце е преку неговиот стомак е донекаде точен. Мажите се традиционални во тој поглед и сакаат жени што знаат да готват.

Природни девојки

Можеби вртат глава по девојки до лажни трепки, нокти, гради, но тие не би имале ништо повеќе од авантура со некоја таква.

Насмената девојка од соседството која знае да кажува вицеви и да користи чудни зборови е вистинскиот избор за нив.

Девојки подготвени за компромиси и обврски

Вашиот труд да правите компромиси и да пронаоѓате заеднички решенија ќе му даде впечаток дека сте девојка спремна за долга, среќна и исполнета врска.

Девојки кои се грижат

Посетете го кога е болен и ислушајте го за лошиот работен ден. Мажите сакаат еднаш да чујат „те сакам“, а 5 пати да почувствуваат.

Забавни девојки

Во животот тој ќе има многу стресни ситуации и немили настани, па потребна му е ведра и забавна девојка која ќе знае како да му ја врати насмевката на лицето.

Жени кои знаат да се грижат за себеси

Иако не ви изгледа така, тој го сака што си ги купувате сите тие креми и парчиња облека. Мажите грижата за себе кај жените, ја сфаќаат и како грижа за нив, бидејќи токму тие се оние кои ќе уживаат во резултатите од сето тоа ваше депилирање, фенирање и шопинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *