Џони Деп обвинет за семејно насилство: Амбер Херд со модринки на лицето

29 мај, 20160
4

Разводот на Џони Деп и Амбер Херд станува сè подраматичен.

Амбер побара забрана за приближување и го обвини Деп за семејно насилство, нудејќи како доказ фотографии на кои има модринки на лицето.

Амбер Херд

30-годишната актерка, преку својата адвокатка Саманта Спектор, приложила на суд фотографии од физичкото насилство и тврди дека Деп во неколку наврати бил насилен кон неа.

Според информациите кои протекоа во медиумите, Деп ја удрил со мобилен телефон, а веднаш по нападот ѝ понудил пари за да молчи за инцидентот.

Херд, со која 52-годишниот актер беше во брак 15 месеци, поднесе документи за развод на 23 мај, само три дена откако почина неговата мајка.

Амбер Херд и Џони Деп

Деп и Херд се запознаа за време на снимањето на нивниот филм „The Rum Diary“, но започнаа да се состануваат две години подоцна во јуни 2012 година, кога актерот се раздели со долгогодишната партнерка Ванеса Паради. Во февруари минатата година познатиот пар заплива во брачните води.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi