Два лета од рускиот град Нојабрск во Јамало-ненецкиот автономен округ во Сибир, се откажани поради екстремно ниските температури кои достигнаа до минус 47 степени Целзиусови, јави ТАСС.
Експерти од руското Министерство за вонредни состојби велат дека студот е причина и за дваесетина хаварии и пожари кои настанале во уралската Свердловска област. Во главниот град на Јужен Урал, Челебинск, вечерва се очекува живата на термометарот да се спушти на минус 31 Целзиусов степен.
Алармантна е состојбата и во кавкаскиот регион.
Локалните метеоролози прогнозираат дека ваквата состојба ќе продолжи до 23 декември.