Еве каде тајно се среќаваат Цеца и Александар

24 јануари, 20160
12

Нивната вљубовна врска е вистински хит пво балканските медуими, па затоа и потребата да имаат тајно место за средби. Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниото момче Александар Јововиќ тајно се состануваат во неговиот стан на Звездара. Откако ја заведе пејачката, манекенот ги избркал станарите на кои им го изнајмувал станот за да може во него да ги поминува ноќите со Цеца, дознава српски Курир.

Неговите репортери вчера го посетиле крајот каде се состануваат гулапчињата. Очекувано на интерфонот никој не се јавил, но од еден пријател на манекенот, кој е упатен во неговиот однос со фолкерката, тие дознале детали за нивната врска.

-Александар тој стан го доби на подарок од тетката. Таа полуде кога и рече дека го откажал изнајмувањето на станот. Колку и да се противела, манекенот си терал по свое. Инсистирал да престојува во тој стан зошто тука соседите не го познавале со оглед на тоа што таму одел само по кирија. Иако во вилата на Цеца тој е добро прифатен дури и од страна на нејзините деца Вељко и Анастасија, понекогаш и на двајцата им пребала изолација за да уживаат сами во љубовта. Тој стан е идеален за тоа, вели изворот.

Стравуваат од папараци

Откако се дозна за нивната врска, двајцата се многу внимателни зошто се плашат дека папараците им се зад петиците.

-Бидејќи станот на Јововиќ е недалеку од центарот на Белград, внимаваат како и во кое време ќе се видат. Пејачката во почетокот толку не внимаваше кога го посетува, но откако магазинот Стори ја разоткри нивната врска, сега се плаши и од својата сенка. Двајцата се свесни дека врската не можеле да ја кријат вечно, но вниманието на медиумите не им годи. Затоа сега внимаваат на секој чекор. И не сакаат да се откажат од врската иако неговото семејство не е воодушевено од изборот бидејќи Цеца е постара 16 години од Александар, заклучува изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş