Еве какво време не очекува: Ни доаѓаат „дебели“ минуси и многу снег

14 јануари, 20160
1

Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат на запад, каде на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува и засилен јужен ветер. Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег.

До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат.

За време на викендот ќе дува засилен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi