Еве што се наоѓа во црната актовка без која американскиот претседател не оди никаде!

21 јануари, 20160
1

Црната кожна актовка, наречена „Football“ , како референца за американскиот фудбал, ги содржи најчуваните работи со кои американскиот претседател Барак Обама може да одобри нуклеарен напад далеку од заповедните центри како што е „ситуациската соба“ во Белата куќа и да оди секаде каде што оди и американскиот претседател, пишува магазинот „Бизнис инсајдер“, пренесе Порталоко.

Официјалниот назив „итната торба на претседателот“, оваа актовка со несофистициран изглед ја носи еден од петте воени помошници и секогаш е на дофат на рацете на врховниот командант.

Според Бил Гулеј, поранешен директор на воената канцеларија во Белата куќа, во актовката нема црвено копче за активација на нуклеарното оружје, туку четири различни предмети.

Првиот предмет е црна книга со нуклеарни опции од 75 страници, испечатени со црно-црвена боја.

Има уште една црна книга од 10 страници содржи доверливи места на кои што се наоѓаат скривалиштата за претседателот. Покрај тоа, има и книга со упатства за употреба за тоа како да се управува со „Итниот систем на пренос“ (EBS), а торбата содржи и индекс картичка со кодови за автентикација.

Понекогаш може да се види и малечка антена која ѕирка од актовката, што сугерира дека во внатрешноста има и комуникациска опрема.

Прекарот на актовката „фудбал“ доаѓа од кодното име “Dropkick” (вид на удар), за тајна нуклеарна војна, открива поранешниот американски министер за одбрана, Роберт МекНамара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi