Ова ги вклучува сите 4 варијанти на Galaxy S7 – стандардната, S7 Edge, S7 Plus и S7 Edge Plus. Изворите од Полска тврдат дека главната причина за повисоката цена е ретина скенерот кој ќе биде вграден во Galaxy S7.
Со тоа, телефонот на Samsung би можел да биде еден од првите уреди кој ќе го отклучувате со вашите очи, наместо преку скенер на отпечатоци.
Новиот скенер ќе може да го отклучи вашиот телефон и да го верификува идентитетот за помалку од половина секунда.
Бидејќи сите имаат уникатна зеница, скенерот може да ја препознае и да ги разликува сопственикот од останатите луѓе.
Засега се шпекулира дека телефонот ќе биде претставен на 21-ви февруари, а продажбата ќе започне во март идната година. Цената веројатно ќе биде над 700 евра.