Роналдо „потпишува договор“ за второ дете

7 јануари, 20160
15

Кристијано Роналдо ги мина Божиќните празници на Флорида, што беше изненадување со оглед на фактот дека тој последните години редовно овој празник го минуваше со своето семејство.

Новинарката на португалската телевизија, Кристина Мораис де Карвалјо, открива дека патот на фудбалската суперѕвезда воопшто не бил случаен.

„Зарем никој не се праша зошто баш Мајами? Каде е роден Роналдо јуниор? Како што знаете, тој е роден во Мајами, а Кристијано неодамна призна дека сака уште едно дете. Мајами го посети за да потпише договор околу второто дете“ – изјави ТВ-водителката.

Општо познато е дека првиот син на Кристијано Роналдо го родила сурогат-мајка кога потпишала документ со кој се откажува од сите права врз детето. Се чини дека истиот рецепт ќе биде употребен уште еднаш, за Кристијано да добие уште една принова во семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi