Гепардите се пред изумирање

popara28 декември, 20161min00
1

Гепардите се пред изумирање, покажа најновата студија за падот на бројот на овие животни.

Истражувањето покажало дека во дивина останале само 7.100 од овие најбрзи цицачи на светот, пишува во вторник ББЦ.

Гепардите се загрозени бидејќи живеат надвор од заштитените подрачја и сѐ почесто доаѓаат во контакт со луѓето.

Стручњаците, заради тоа, барат што поскоро од категоријата ранливи да бидат префрлени во категоријата загрозени животински врсти.

Според студијата, повеќе од половина од преостанатите гепарди живеат во шест држави во Африка. Овие животни практично се истребени во Азија, со само педесетина живи примероци во Иран.

Бидејќи се движат на големи подрачја, нивните живеалишта ги надминуваат границите на заштитените подрачја. Се проценува дека 77 отсто од нивниот хабитат е надвор од националните паркови и резервати.

Резултат на тоа е животните исклучително да патат, бидејќи фармерите ја претвораат дивината во обработливо тло, а пленот на овие месојади е во пад заради ловот заради прехрана на луѓето.

„нашата студија покажува дека големи подрачја кои им се потребни на гепардите за нормален живот, во комбинација со редица ризици со кои инаку се соочени животните во дивина, значи дека гепардите се соочени со изумирање многу повеќе од она што претходно се мислеше“, рече сара Дурант од Зоолошкото друштво од Лондон.

Уште еден голем проблем е илегалното криумчарење на млади од гепард, посебно барани во земјите од Персискиот залив.

Цената на црниот пазар достига и до 10.000 долари, а последните 10 години од Африка се прошверцувани 1.200 млади гепарди, од кои 85 отсто угинале по пат, пишува ББЦ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag