Дали имате тајно оружје за освојување? Заборавете на него, научниците го нудат најефикасното решение – гласот. Истражувањата покажуваат дека жените можат да манипулираат со гласот така што ќе звучат многу атрактивно. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Journal of Nonverbal Behavior.
Истражувачите на универзитетот Albright замолиле 40 студенти (20 машки, 20 женски) да бројат до 10 со вообичаениот тон на гласот, а потоа да го повторат истото само со манипулирање на гласот како би звучел доминантно, интелигентно и самоуверено. Другата група на студенти што се состоела од истиот број на мажи и жени, биле замолени да ги преслушаат снимките и да ги одберат оние што „звучат“ секси. Интересно е дека на испитаниците им звучеле попривлечно жените кои се потрудиле така да звучат. На машките учесници на испитувањето не им ги препишале тие особини без оглед на трудот.
Зошто е бојата на гласот толку важна за освојување?
Зошто е така? Жените кои сакале да звучат секси, избрале спор говор, ја намалиле висината на гласот, ја отфрлиле грубоста, а тоа ги навело машките да ги доживеат како атрактивни.
Научниците кажуваат дека способноста на жените да го менуваат гласот за да го постигнат тоа што го сакаат е резултат на еволуцијата. Имено, спрема бојата на гласот можат да се предвидат биолошки фактори кои можат да ги сместат поединците во категоријата на пожелни партнери.
Очигледно е дека привлечноста значи многу повеќе од начинот на кој зборувате, па затоа обрнете внимание на тоа што го кажувате.