Грчкиот Дедо Мраз ограби слаткарница

popara27 декември, 20161min00
9

Вооружен маж во костумот на Свети Василиј, грчката варијанта на Дедо Мраз, ограбил во саботата вечерта слаткарница во квартот Патисија, во северниот дел од главниот град Атина, соопшти полицијата.

Потресените вработени во слаткарницата му ги предале пазарот од касата. Потоа вооружениот „Свети Василиј“ излегол и исчезнал. Веднаш по грабежот полицијата започна да го пребарува регионот и да трага по напаѓачот, соопштија од атинската полиција.

Сумата не е позната, но медиумите истакнуваат дека и покрај тешката финансиска криза, пред Божик, кој во Грција се слави според грегоријанскиот календар на 25-ти декември, дневните пазари во продавниците значително се зголемени.

Свет Василиј, чиј ден се празнува на 1-ви јануари, во Грција ја има улогата на Дедо Мраз. Како и сите на светот, и грчките деца очекуваат Свети Василиј да дојде во нивниот дом и низ оџакот да им спушти подароци. Денес во Грција Свети Василиј е претставуван како Дедо Мраз, или Свети Никола, кому инаку глaвните подароци биле добрите дела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag