
Иако се шминкате секој ден, некогаш и по повеќе пати во текот на денот, сепак правите почетнички грешки и го постигнувате спротивниот ефект – добивате постар изглед, наместо да се подмладите.
Зошто да си додавате по 5 до 10 години плус, кога можете да ги сокриете годините?
5 грешки кои треба да ги поправите за да го постигнете тој ефект:
1. Коректорот кој го нанесувате под очите не треба да биде посветол или потемен од пудрата.

2. Не треба да ставате руменило на јаболкниците, туку на страничниот дел од образите.

3. Светкавиот кармин никогаш не е добар избор. Подобро е да нанесете матиран кармин, па на средината да ставите една точка сјај и да размачкате.

4. Контурирањето, осветлувањето и стробингот се трендови, но никогаш не претерувајте ако не сте вешти. Тешкото сенчање на лицето ве извештачува.

5. Маскарата на долните трепки е едно големо НЕ!
