Има совршено фит тело, благодарение на утринското вежбање со децата!

25 февруари, 20160
3

Белинда Нортон-Смит е во најдобрата форма во својот живот, благодарение на утринското вежбање со децата. 38-годишната мајка цели да биде добар пример за своите најмили и да ја покаже важноста на семејниот фитнес.

Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит

„Мојата цел е да им помогнам на колку што е можно повеќе жени да бидат здрави и во добра форма за доброто на нивните деца. Потребен ни е свет каде децата знаат како соодветно да се грижат за своето тело и здравје“ – пишува таа на својот сајт Blivewear.

Белинда отсекогаш била во добра форма и редовно се натпреварувала на триатлони пред да ги роди своите две деца. Но, откако станала мајка, забележала дека кардио тренинзите не се доволни за да се врати во форма. Смит истражувала и се консултирала со експерти за тоа што е најдобро за неа и ја достигнала својата најдобра фигура на 38 години.

„Ова е најдоброто тело кое некогаш сум го имала, а наскоро ќе наполнам 40 години“ – вели гордата мајка.

Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит

Посветената фитнес фанатичка ја следи диетата според крвната група, воопшто не консумира шеќер, млеко и млечни производи и црвено месо и јаде по шест мали оброци на ден. „Имам астма и забележав подобрување откако престанав да консумирам млеко и млечни производи, немам егзема и мојата кожа е поубава. Јадам шест помали оброци на ден, како и моите деца, и секој од нив треба да биде голем колку две тупаници споени заедно“ – објаснува Смит.

Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит

Се разбира, сето тоа е надополнето со секојдневни тренинзи со нејзините деца кои траат по час и половина.

„Сè што треба да направите е да пешачите секое утро како семејство и да им дозволите на децата да се вклучат во фитнесот. Тие сакаат да учат од вас и оваа активност треба да биде заедничка. Моите деца Зејд, 10 години, и Мека, 8 години, секое утро вежбаат кардио со мене во 5.30 часот“ – вели Белинда.

„Децата треба да научат дека фитнесот не мора да биде тежок или компетитивен. Еден час дневно е сè што ви е потребно. Оставете ги социјалните мрежи и излезете надвор на тревата или на плажа и создајте животен стил кој тие можат да го следат“ – додава таа.

Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит Белинда Нортон-Смит

На една од своите фотографии Белинда објаснува зошто треба да вежбате со и пред вашите деца. Нејзините причини се следниве:

  • За тие да се гордеат со вас.
  • За да можат да ги видат опциите.
  • За да можат вистински да го разберат телото во кое живеат.
  • За да видат дека напорната работа се исплатува.
  • Бидејќи вака се гради самодоверба и вака позитивната слика за себе станува дел од нашето постоење.

Белинда Нортон-Смит

Белинда Нортон-Смит

Белинда Нортон-Смит

Белинда Нортон-Смит

Белинда Нортон-Смит

Белинда Нортон-Смит

Белинда Нортон-Смит

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi