Денес 71-годишната Џејн Хокинг рекла дека во еден момент стоела на работ на извршување на самоубиство. Животот ѝ бил, како што вели, “психички и ментално исцрпувачки”, поради големата генијалност на нејзиниот сопруг со која морала секојдневно да се носи.
Првата сопруга на еден од најголемите светски умови, Стивен Хокинг, зборувала за сопствената животна борба. Зборувала за тешкиот живот со болниот сопруг, нивните три деца и остатокот од светот кој пред нив секојдневно поставувал екстремни прашања.
Денес 71-годишната Џејн Хокинг рекла дека во еден момент стоела на работ на извршување на самоубиство. Животот ѝ бил, како што вели, “психички и ментално исцрпувачки”, поради големата генијалност на нејзиниот сопруг со која морала секојдневно да се носи, пишува Independent.
“На моменти животот ми беше толку напорен, толку психички и ментално исцрпувачки, што помислував на самоубиство. Ми доаѓаше да се фрлам во река, но се откажав од таквите идеи само поради децата”, рекла Џејн, за која јавноста почнала да се интересира по објавата на филмот за животот на Стивен Хокинг – “Theory of Everything”, награден со Оскар.
Џејн и Стивен ја започнале врската кратко откако на научникот му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза, тешка и неизлечива болест на моторните неврони, од која 95 проценти од заболените умираат во рок од 5 до 10 години. Успеале да ја одржат врската цели 25 години, а потоа физичарот на Божиќ 1989-тата година го напуштил своето семејство и почнал да живее со Илејн Мејсон, најамбициозната меѓу неговите негувателки и сопруга на инженерот Дејвид Мејсон, творец на специјалниот синтетизатор со чија помош Хокинг комуницира.
“Во вистинскиот живот, препреките со кои се соочувавме беа многу полоши и поголеми од тие што се прикажани во филмот”, рекла Џејн.
“Не постоеше алтернатива со која не можевме да минеме преку некои работи и да продолжиме да живееме понатаму. Се чувствував должна да бидам крај него во секој момент, мислев дека не може без мене. Сакав да продолжи со својата работа, и нашите деца пораснат во стабилно семејство, па поради тоа минувавме преку многу работи и продолжувавме да живееме”, рекла Џејн.
И покрај разводот, Џејн и Стивен останале во добри односи, а како што вели Џејн, филмот “Theory of Everything” повторно ги зближил. “Филмот на Стивен му покажа работи со кои не знаеше дека се борам. Виде колку всушност сум се обидувала да го поддржам во неговата работа во сите тие заеднички години”, рекла таа.