Оскар Санта Мариа Хуерта од Перу на 11 април 1980 година влегол во битка со НЛО по што истрелал ракета кон леталото. Тој, бара од владата јавно да се објават сите податоци за сите неидентификувани објекти.
Тогаш имал 23 години. Полетал во својот Сухој-22 како би пресретнал необичен сребрен објект кој лебдел во близина на воената база и не одговарал на наредбите на контролната кула.
Полковникот Хуерта, денес пензионер, тврди дека објектот личел на балон. Вели дека истрелал ракета кон овој НЛО кој требало да биде уништен. Сепак, неговиот проектил немал никакво влијание врз објектот.
-Објектот потоа започна да се движи со голема близина – вели Хуерта. Тргнал во потера и успеал да му се приближи на само 100 метри.
– Дури тогаш сфатив дека не се работи за балон. Тоа беше објект со обем од 10 метри, со сјајна купола на врвот. Дното ја објектот имаше кружен облик, сребрена боја и изгледаше како да е изработен од некој вид метал. Но, недостасуваа сите типични компоненти кои еден авион ги поседува. Немаше крила, погонски млазни мотори, прозорци, антени, немаше никаков видлив погонски систем. Тогаш сфатив дека тоа не е никаков објект за шпиунажа туку НЛО -вели Хуерта.
– Се плашев. Мислев дека сум готов – рекол пилотот кој се повлекол назад и успеал авионот да го приземји во базата.
Откако се вратил, објектот стоел на небото уште цели 2 часа. Тој тврди дека сите кои биле во базата, го виделе објектот.
Хуерта е еден од поранешните воени офицери кој изнел докази за постоење на НЛО пред клубот во Вашингтон кој бара да се објават сите податоци за неидентификувани бојекти и средби со НЛО.
https://www.youtube.com/watch?v=xC-dtJV3ezY