Болеста не е секогаш повик од телото. Таа понекогаш се јавува за да не опомени дека со нашата психа нешто не е во ред.
Кога лекарот ви вели: „Сè е на нервна база“, тој со тоа не сака само побрзо да ве испрати од ординацијата, туку сака да ви сугерира дека причината за вашите тегоби не е физиолошка. Во тој случај, традиционалното лечење на телото треба да се дополни со разрешувањето на емоционалните проблеми. Сепак, податоците до кои психолозите дошле не значи дека ако имате алергија сте дете од некој пропаднат брак. Сето ова не треба да се сфати како докажана и потврдена дијагноза, туку како поттик да размислувате за себе и за своите чувства. За своите тегоби треба да се обратите на некој лекар, или кај психијатар доколку имате емоционални проблеми.
Несигурност – алергија
Кон алергии често се склони луѓе кои ги негираат сопствените капацитети, не можат да се спротивстават или да го изразат незадоволството. Можно е и нивните родители често да се расправале или да имале спротивставени погледи на свет.
Перфекционизам – артритис
Ова е болест на големите перфекционисти, кои се претерано одговорни луѓе, кои не можат да кажат „не“ и кои се убедени се дека никој не ги сака. За луѓето кои страдаат од артритис главно важи дека секогаш се подготвени некому се да му кажат в лице, но тоа никогаш не го прават.
Ниска емотивна интелигенција – проблеми со срцето
Проблемите со срцето се поврзани со негрижата за сопствените чувства. Човекот кој себеси не се смета вреден за љубов, не верува дека таа постои или пак ја потиснува желбата да покаже топлина и нежност кон другите, ќе има проблеми со некакво срцево заболување.
Страв од сиромаштија – заболување на `рбетот
Заболувањата на долниот дел на грбот се поврзуваат со стравот од сиромаштија и губење на финансиската поддршка. Заболувањата на средниот дел, можат да сигнализираат дека страдате од чувство на вина или дека живеете во минатото. Заболувањата на горниот дел, ја сигнализираат вашата потреба да добиете морална поддршка.
Страв од смртта – болест на тироидната жлезда
Пациентите кои имаа пореметување на работата на тироидната жлезда имаат длабок, несвесен страв од смртта. Не е редок случај таквата личност во раното детство да доживеала некаква траума како на пример, смрт на родителите или на некој од кого зависела. Подоцна, се труди тоа чувство на зависност да го компензира со прерано растење и зрелост или со потреба да се грижи за нешто за самиот да не се чувствува зависно. Затоа кај овие луѓе страда органот кој го регулира метаболизмот на сите ткива во организмот.
Семејна невроза – бронхитис
Нервозата во домот, лошата атмосфера и чувството на безизлезност која ја има кај најблиските, може кај некого да предизвика бронхитис.
Комплекс на пониска вредност – вегетативна дистонија
Функционалните пореметувања во областа на автономниот вегетативен нервен систем, се поврзуваат со инфантилност, комплекс на пониска вредност, сомнеж и самозалажување.
Бес – воспалителни процеси
Склоноста кон различни воспалителни процеси се развива поради мноштвото животни ситуации кои ве лутат и ве чинат разочарани.
Самосожалување – гастритис
Се јавува како последица на потиснато самосожалување или поради неспособноста да се излезе на крај со ситуацијата: „сите се против мене“.
Опсесивност – хемороиди
Хемороидите можат да бидат предизвикани од силен страв дека ништо нема да завршите во рок, со неспособноста да ги разрешите насобраните проблеми, да се одбраните од навредите, поради стравот од губење на контролата над емоциите како и поради стравот од каква било сепарација.
Притисок на потсвеста – херпес симплекс
Покрај вообичаените причини на оваа непријатна болка, постои и една скриена и многу моќна, а тоа е силната потсвесна желба да се прават лоши социјално неприфатливи работи.
Незадоволство со себе – висок притисок
Се јавува како последица на претераната одговорност и желбата без престан да се работи. Оние луѓе кои страдаат од висок притисок, премногу се трудат да ги оправдаат туѓите очекувања, да бидат важни и да се здобијат со почитување од другите, што често ги доведува до ситуација да ги заборават своите потреби. Игнорирањето и непочитувањето создава во него постојано незадоволство со себе кое не може да го канализира. Тоа доведува до постојано „голтање на навредите“, а со тоа и до хипертензија.
Малодушност – низок притисок
Работел не работел, ти свири радиото, би била максимата по која живее човекот кој има низок притисок. Кон хипотезија се склони луѓето кои се малодушни, кои во раното детство не добивале доволно љубов. Тие слабо веруваат дека што и да направат ќе има смисол и ефект. Со нив владее чувството на немоќ и резигнираност.
Напнатост – главоболка
Луѓето кои често се жалаат на главоболка, а немаат физиолошки проблем, се нападнати од психолошка и физички напнатост. Овој вид стрес не е предизвикан од начинот на живот или од обврските, туку од сопствените внатрешни конфликти. Тие имаат чувство на пониска вредност, понижени се, а им недостасува и сила да се борат со ситуациите и да се одбранат од нив.
Недостаток на љубов – дијабетес
За оваа болест придонесуваат болката и тагата, како и неспособноста да се прима и дава љубовта. Дијабетичарите не покажуваат приврзаност иако копнеат по неа. На несвесно ниво, тој одбива љубов иако таа му е многу потребна.
Не прифаќање на полот – гинеколошки проблем
Не прифаќањето на сопствената женственост, како и свесното или несвесното уверување дека се што има врска со сексот или со половите органи е валкано и грешно водат до ваквите проблеми. Вагиналните инфекции можат да се појават и како телесно покажување на неискажаниот бес кон партнерот. Жените кои биле жртви на сексуално насилство, можат да страдаат од овие болести
Амбиваленција – забоболка
Забите повеќе им се расипуваат на оние луѓе кои не знаат што сакаат, кои не веруваат во целта која си ја поставиле или мислат дека е достижна.
Отпор кон обврските – мигрена
Предуслов за мигрената се смета дека е омразата кон обврските и кон се што е важно, отпор кон реалниот ток на животот, но и страв од сексуалноста. Луѓето кои сакаат да бидат совршени, како и оние кај кои се насобрало незадоволство од животот, страдаат од оваа болест.
Внатрешен немир – дерматолошки болести
Кожните заболувања сигнализираат дека личноста ја мачи внатрешен немир, страв, како и откажување од одговорноста за сопствените чувства.
Самообвинување – бубрези
Во спрега со самообвинувањето, критицизмот, разочарувањето и несреќата се појавуваат болестите на бубрезите. На овие болни, непрекинато им се чини дека некој ги понижува и лаже. Ваквите чувства предизвикуваат лоши хемиски реакции во организмот.
Постојана грижа – циститис
Честите воспалувања на бешиката ги имаат оние луѓе кои се оптоварени со грижа, кои се борат за слобода и се опседнати со проблемите од минатото.
Страв од секс – фригидност
Фригидноста почива врз стравот од впуштања во врски, на стравот од губење на контрола и страв од покажувањето на своето битие. Понекогаш е предизвикана и од желбата секогаш да се биде перфектен. Исто така може да сигнализира и страв од уживања и уверувањето дека сексот е лоша работа.