Како да ги минимизирате порите на лицето?

14 ноември, 20160
3

Порите на лицето се дом на влакненца и како такви го покриваат човечкото тело од глава то петици, освен на стапалата, на рацете, на очните капаци. Големината на порите на телото се одредува според генетиката, со тоа што некои луѓе имаат поголеми пори а некои помали. Покрај генетиката, исто и околината влијае на ширењето на порите.

Отстранете ги мртвите клетки

Мртвите клетки често се “заглавуваат” во порите. Акумулацијата на клетките може да предизвика порите да се рашират и да бидат повидливи. За да ја намалите количината на мртви клетки заглавени во вашите пори побарајте прочистувач кој содржи салицилна киселина, која е добра за чистење на истите.

Ексфолијација

Исто како доброто прочистување, ексфолијацијата може да ги отстрани мртвите клетки. Секојдневно со производи за ексфолијација чистете го лицето и порите ќе се намалат драматично.

Не чепкајте го лицето

Прстите се едни од најмасните делови од телото, па чепкањето на лицето е само додавање повеќе маснотии во миксот. Уште попроблематичен е фактот дека допирањето на лицето симулира произведување на маснотии во истата регија. Избегнувајте допирање на било кој дел од вашето тело ако сакате да ги минимизирате.

Користете ленти за чистење пори

Ваквите ленти се ставаат влажни, а се вадат суви. Кога и лупите, тие ги влечат нечистотиите и мртвата кожа со нив. Вообичаено се таргетираат во региони како носот, или брадата.

Отстранете ги митесерите

Митесерите и акните се поврзуваат со тоа што содржат мртва кожа, маснотии и бактерии. Акните имаат жива кожа над нив, за разлика од митесерите. Митесерите се мали, темни точки на телото и се првиот степен на развој на акни.

Користете средство за минимизирање на порите

Многу козметички компании произведуваат продукти дизајнирани да ги минимизираат порите. Специфичниот продукт кој функционира за другите, не значи дека ќе функционира и за вас, па експериментирајте со изборот до дека не ја пронајдете својата формула. Најчесто се нанесуваат за време на туширање, или после туширање.

Користете крем

Кремовите за лице се супер за пред да нанесете пудра. Вашата шминка ќе изгледа помазна и посодржајна. Со кремот за лице ќе ги заштитите порите. Ако можете, намалете ја количината на шминка која ја нанесувате.

 

Пареа

За да ги отворите своите пори, ставете вода на шпоретот да се свари и држете го лицето петнаесетина минути над водата. Откако ќе завршите, измијте го лицето со чиста вода и избришете со мека крпа.

 

Хидратација

Водата ќе ја одржува вашата кожа здрава и блескава. Дехидрираната кожа може да ги направи порите позабележливи.

Лед

Ледот ги намалува порите, но ефектот трае само неколку секунди или минути. Се користи пред да нанесете крема за сончање, или пред да се сликате за некоја фотографија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma