Откога едвај најдовте маскара која ви ги прави трепките совршени, заради секојдневната употреба таа пребргу започнува се суши, меѓутоа со овој едноставен трик ќе го продолжите рокот на вашата маскара.
Вратете ја во живот маскарата и заштедете во нејзината обнова, а што е најважно нема да се изгуби ниту нејзиниот квалитет.
Погледнете како да го направите тоа:
За да го продолжите рокот на маскарата до 2 пати подолго од вообичаеното потребно ви е следново:
- Сува маскара
- Една чаша вода
- Капки за очи или маслиново масло
Потоа направете го следново:
1. Во маскарата додајте 3,4 капки маслиново масло или капки за очи (ако мислите дека е потребно повеќе, додајте уште)
2. Потоа, четката вратете ја во маскарата и мешајте со неа со цел да ја соберете целата боја.
3. Пробајте ја маскарата.
4. Доколку не сте задоволни со резултатот, тогаш маскарата ставете ја во чаша врела вода и оставете да ја постои 5 минути.
5. После овој трик, вашата маскара ќе биде како нова и со сигурност ќе бидете воодушевени со добиениот резултат.