Како да го заштитите автомобилот од солта?

30 јануари, 20160
4

Индустриската сол која се фрла на улиците и патиштата во зима е еден од најголемите непријатели на автомобилот. Како да спречите оштетување предизвикано од неа?

Од солта први страдаат незаштитените делови на автомобилот, а потоа местата на каросеријата на кои се задржуваат вода и кал. Најчувствителни места се рабовите на крилата, спојките на хаубата и крилата, долниот дел од вратите, спојките на багажникот и праговите.

За ефикасна заштита од коризија на автомобилот се користат лакови, а неопходно е прскање на долниот дел од каросеријата и просторот околу моторот со специјални производи на база на восок. Исто така, ваквите производи треба да се мачкаат и на пластичните делови под вратите, внатрешниот дел од калниците и рабовите. Возачите на крајот од секој зимски период треба внимателно да го исчистат просторот на моторот, а дури и во зимскиот период автомобилот треба да се пере барем на две недели, за да се отстрани солта и да се спречат оштетувања.

Обрнете внимание при перењето автомобилот да биде добро испран и одоздола, бидејќи тука се задржува највеќе сол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi