Како да ја препознаете вашата сродна душа?

17 јануари, 20160
4

Од секогаш сте верувале дека ќе ја сретнете својата сродна душа. Тоа е сосема можно ако верувате дека таму некаде постои човек кој е создаден за вас.

Проверете дали веќе го имате сретнато вистинскиот:

Едноставно знаете…

Нешто длабоко во вас ви кажува дека тој е совршениот. Тоа е таа сила која ве тера да му се посветите и во целост да му се предадете.

Вашите души се сретнале во вистинскиот момент…

Секоја личност мора да биде во целост подготвена за да воспостави врска со својата сродна душа. Морате да ги завршите поранешните односи, да завршите со сите лоши врски. Кога е во прашање сродната душа, тајмингот е се.

Можете да ги “слушнете“ неговите мисли…

Ја чувствувате болката на другиот.

Ги знаете сите мани еден на друг, но и позитивните страни кои тие мани ги носат со себе…

Нашите мани имаат и нешто добро. Секоја особина има своја позитивна и негативна страна, а вие умеете во маните на својот партнер да ја препознаете убавата страна.

Имате исти животни цели…

Не чувствувате љубомора, убавите колешки или пријателки не ви пречат. Знаете дека сте единствена во неговиот живот. Ги почитувате мислењата и ставовите еден на друг дури и кога се различни.

Немате потреба да бидете нон-стоп заедно…

Го почитивате своето време и знаете колку е важно секој да има простор сам за себе.

Знаете кога е време да се извините…

Никој не е совршен. Вие се дополнувате еден со друг. Сродните души ги пополнуваат празнините мегусебно. Тие се како јин и јанг. Заедно сте совршени и создавате хармонија.

Кога сте под стрес, доволно ви е саканиот да ве гушне и целата болка, нервоза и стрес да исчезне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber