Каде е зимата, таму се и џемперите – совршен начин да го камуфлираме оној вишок кој така лесно сме го нафрлиле штом сезоната на косумите за капење завршила, а ние нормално сме почнале да јадеме. Но, не станува збор за тоа, поентата е во тоа дека е дојдено времето за џемпери и дека треба да се заинтересираме за тематиката на нивното стилизирање за да изгледаме модерно, стилизирано и, како и секогаш атрактивно.
Секој модел на џемпер бара и одреден модел на накит, а денеска сме тука да откриеме како да направите совршена комбинација.
Џемпер – Ролка
- Накит – Винтиџ обетки
Кога ни е ладно, најдобар начин да се загрееме и да се чувствуваме пријатно, е да облечеме пријатна, мека ролка.Далеку од тоа дека таа веќе не е модерна – познатите личности се доказ дека ролките повторно се вратиле и ние едвај чекаме својот гардеробер да го освежиме со нов омилен џемпер! Со ролката сјаен избор ќе биде подигната коса и впечатливи винтиџ обетки. Изглед на старо сребро, злато или бронза или интересен „камен“ во светла боја, ќе биде полн погодок.
Џмпер – со долги широки ракави
- Накит – Долги ѓердани
Едноставен џемпер со долги, широки ракави изгледа многу модерно, а можете да го носите со сукња или впечатливи кожни пантолани. Секако, се зависи од вкусот. Овој интересен модел на џемпер ќе направи и самите така да изгледате, а доколку џемперот е еднобоен, со едноставна боја и форма, освежете го со долг ѓердан кој ќе биде или во слоеви (спој од повеќе ѓедани) или ќе има впечатлив, голем приврзок. И во овој случај одлично ќе ви прилега подигната коса, доколку веќе немате краток, модерен паж.
Џемпер – Кардиган
- Накит – Асиметрични обетки
Лесни деловни комбинации ќе ги освежите со модерен кардиган, а за да изгледате поатрактивни, ставете оригинални асиметрични обетки. Тие сами по себе можат да бидат„wow“, а можете да одберете и пар обетки кои меѓусебно се разликуваат, што би бил уште подобар и поинаков избор, зарем не? Дозволете си го тоа!
Џемпер – Со спуштени раменици
- Накит – Впечатливи прстени
Џемпер и тоа како може да изгледа заводливо и секси, особено ако ги одберете оние со спуштени раменици. Затоа, не се сомневајте – одберете баш таков модел, пуштете ја косата да паѓа, со нежни бранови, а својот изглед потполнете го со впечатливи, крупни прстени. Голите раменици истакнете ги со кадрици, а детал кој вашиот стајлинг ќе го подигне на повисоко ниво се прстените. Можеби ситни но, никако занемарливи!
Џемпер – Без ракави
- Накит – Нараквици
Џемпер без ракави е одличен избор за конбинирање со кошула, а доколку го носите со со блуза со ракави кои се со должина ¾, својот аутфит можете да го завршите со со интересни алки. Всушност, повеќе алки! Слободно ставете повеќе различни, а сепак алки во сличен стил и апсолутно ќе бидете во тренд!