Како да се подмладите со само 10 потези?

26 јануари, 20160
13

Неверојатно, но вистинито! Познатите шминкери ќе ни ја откријат тајната на убавината во неколку чекори. Одвојте само 5 минути за читање, а разубавете се во следните 10!

Нијансирана основа за лице

Некои жени грешат со тоа што ставаат премногу шминка само за да изгледаат помлади, а всушност добиваат спротивен ефект. Наместо тоа, нанесете нијансирана основа за лице на образите и челото! Кожата веднаш ќе ви изгледа позатегнато, а тенот ќе ви се изедначи.

Коректор за подочници

Главниот виновник поради кој зрелите жени изгледаат постаро се токму тие темни сенки под очите. Користете коректор за да ја скриете опуштената кожа и темните подочници.

Ставете маскара и истакнете ги очите

Tокму ова е најважната работа која треба да ја направите за да изгледате помладо. Исцртајте ги очите со моливче за очи, а на трепките ставете си маскара. Многу маскара.

Фустан кој ја следи линијата на телото

Многу жени во посериозните години престануваат да водат сметка за облеката и затоа изгледаат постаро. Пред излегување одберете облека која му одговара на обликот на вашето тело и сигурно ќе изгледате помладо и поубаво.

Отстранете ги влакната од лицето

Дали тоа ќе биде обелување, депилирање или кубење, изборот е ваш! Само отстранете ги влакната од лицето. Тука важи и обликувањето на веѓите.

 

Променете ја фризурата

Можете да создадете илузија на помлад изглед така што ќе ја промените фризурата и нема да се плашите да испробате нешто ново.

 

Користете мидер

За да бидете стегнати и да имате младешки изглед, користете мидер. Тоа е особено важно за жените во зрели години, зашто мидерот ја држи опуштената кожа на телото онака како што била некогаш.

 

Маска за лице

Ако сте од оние типови жени на кои им е тешко да ги нагласуваат очите и да носат мидер, за вас решение е маска за лице. Најпрво, направете си пилинг за да ви се отворат порите, а потоа нанесете ја маската. На крајот, уживајте.

 

Кармини во посветли бои

Темните кармини ги истакнуваат проблематичните делови од лицето. Затоа користете ги оние со пастелни бои.

Насмевка

Последното, но истовремено и најважното е насмевката! Таа е моќно оружје! Насмеаните жени изгледаат весело, а според тоа и многу помладо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş