Како да спречите дијабетес

27 октомври, 20160
2

Гојазност, недостаток на физичка активност и трошење на калории, како и слатката и масна храна, се некои од причините кои доведуваат до дијабетес, од кои само во Србија болуваат околу 730.000 луѓе.

За да се спречи дијабетесот што со причина го нарекуваат тивок убиец бидејќи ги уништува сите органи, потребно е да се консумира куркума, јагоди, сирење, јогурт, црвено вино, цимет, јаболки и спанаќ.

Куркумата содржи куркумин кој го одложува, дури и спречува дијабетесот. Потребно е уште да се истражува за да се утврдат долгорочните ефекти на куркумата, но првите резултати ветуваат.

Јагодите треба да ги јадеме редовно. Научниците тврдат дека помагаат во активирање на протеините во организмот што го намалува лошиот холестерол и крвните липиди кои пак допринесуваат за развојот на дијабетесот. Експериментите покажаа дека јагодите помагаат во намалување на гликоза во крвта.

Исто така, сирењата и јогуртот се ефикасни во превенција на дијабетесот, но исклучиво немасните. Експертите веруваат дека здравите бактерии што ги содржат имаат корисни споредни ефекти.

Црвеното вино содржи ресвератрол кој помага шеќерот во крвта да го регулира инсулинот. Треба да се пие умерено, една чаша за време на ручек.

Циметот има бројни позитивни ефекти на здравјето, а меѓу останатото го намалува нивото на гликоза во крвта, но и нивото на триглицеридите, лошиот холестерол, а истовремено ја подобрува чувствителноста на инсулин.

Јаболките содржат антоцијанин кој помага во регулирање на шеќерот во крвта.

Спанаќот е богат со хранливи материи. Британското истражување покажало дека консумирањето на спанаќ дневно го намалува ризикот од дијабетес за 14 проценти.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma