Британскиот астронаут и тест пилот Тимоти Пик, кој се наоѓа во Меѓународната вселенска станица, на Твитер објави видео на кое е прикано како од Вселената изгледа невреме со грмотевици на Земјата.
– Неверојатно е колку многу грмотевици може да ја погодат нашата планета за толку кусо време, напиша Тимоти под снимката.
На видеото се прикажани невремиња снимени од МВС на потегот од Северна Америка преку Турција до Русија.
https://www.youtube.com/watch?v=YJtAJLafp8c