Како вашите очи да изгледаат покрупно со помош на шминка

popara10 април, 20163min00

Без разлика кој е моменталниот тренд во мејкапот, сепак некои работи никогаш не се менуваат. Една од нив и желбата да имаме покрупни очи и тоа секако најлесно ќе го постигнеме со помош на шминка.

Денес со вас ќе споделиме неколку чекори како да добиете визуелно покрупни очи…

Чекор 1: Ставете беж боја на очниот капак

Со помош на целосно мат сенка во беж боја ќе ја неутрализирате бојата на очниот капак и со самото тоа ќе создадете идеална основа за она што следи.

Чекор 2: Нанесете ајлајнер

Потребна ви е сиво кафена нијанса на ајлајнер со кој ќе извлечете тенка линија тргнувајќи од внатрешниот агол на окото кон надворешниот. На крајот кај аголот на окото, продолжете ја малку линијата и здебелете ја за очите да изгледаат подолго.

Чекор 3: Употребете бело моливче

Наместо вообичаената темна боја за долната линија на окото, употребете бело моливче бидејќи така визуелно ќе ги зголемите очите. Ако не можете да се откажете од црното моливче, нанесете го само кај надворешниот агол на окото за да го издолжите, но никоако немојте да го ставате по целата должина на водената линија или под трепките.

Чекор 4: Додадете му на окото малку длабочина

Побарајте нијанса на сенка за очи која е до две нијанси потемна од онаа првата која ја користевте во првиот чекор. Нанесете ја на прегибот на капакот и потоа со четка изблендирајте ја скоро до веѓите.

dodadete-mu-na-okoto-malku-dlabocina-04

Чекор 5: Не заборавајте на хајлајтерот

Хајлајтерот е многу важен кај шминката на очите. Ставете малку во внатрешниот агол на окото и малку под лакот на веѓите и ќе им дадете на очите посебен сјај.

Чекор 6: Посветете им внимание на трепките

Долги и густи трепки се идеални за да постигнете покрупен изглед на очите. Затоа нанесете неколку слоеви на црна маскара, а пред тоа не е лошо да ги извиткате со виткач на трепки.

Ако сакате да постигнете посебно драматичен поглед, слободно ставете вештачки трепки и уживајте во резултатот.

Следниот пат кога ќе се шминкате послужете се овие чекори и направете ги вашите очи покрупни од што се.