Приказна за спознанието

2 ноември, 20160
2

Си беше еден човек познат по својата смиреност и љубов према сé на светот. Секоја работа што ќе ја започнеше, му успеваше одлично. Сите го почитуваа и често доаѓаа кај него за совет.

Еднаш кај него дојде еден сосед кој му љубомореше за сé и кој беше препотентен и горделив.
– „Имам сé во животот!“ – му рече соседот на почитуваниот човек. „Живеам во потполна благосостојба.“  Но, тебе повеќе те почитуваат во градот отколку мене. По твое мислење, на кого ти личам јас?

Мудриот човек се насмеа и рече:

  • Ми личиш на Бог.

Љубоморниот сосед задоволно се насмеа. Но, посака да му направи некоја гадост на пријателот и затоа извика:

  • Ти мене ми изгледаш како ѓубре! Не разбирам зошто сите во градов те почитуваат!

Мудриот човек не одговори ништо, само се насмевна.

Тоа го налути соседот уште повеќе, па го запраша:

  • Зошто не се навреди на моите зборови, бидејќи ти ме нарече Бог, а јас тебе ѓубре?

    – А, зошто би се навредил? – одговори мудриот човек. „Кој во себе го спозна Богот, тој го гледа и во другите. А, тој кој е полн со нечистотија, секој човек го гледа како ѓубре.“

Поука: Човек го гледа во соговорникот тоа што се наоѓа во него самиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *