Благодарение на нејзиното супер тело таа заработи милиони, а сега реши несебично да го покаже пред целиот свет. Ангелот на Викторијас Сикрет, Кендис Свонпул, сподели крајно провокативна фотографија на нејзиниот Инстаграм профил и ги воодушеви нејзините фанови.
Преубавата русокоса девојка во моментот престојува во Коста Рика, а оваа фотографија настана на една од плажите на оваа егзотична дестинација.
Инаку, преубавата манекенка има 27 години и веќе десет години е во врска со познатиот бразилски манекен Херман Никол.