Данте Кастиљо и неговата сопруга од Њу Џерси освоиле милион долари на лотарија, откако Данте случајно купил лото тикет на кој компјутерски биле одредени броевите, а за кој подоцна се испоставило дека е добитен.
Како што соопштиле од државната лотарија, 70-годишниот Данте обично сам ги бирал броевите, но овој пат продавачот му продал тикет со компјутерски одредени броеви.
Кастиљо и неговата сопруга сега имаат опција дали веднаш да земат милион долари или да добиваат по 1.000 долари неделно до крајот на животот.
Продавницата во која е купен тикетот ќе добие 10.000 долари бонус.