
Италијанскиот мафијаш Бернардо Провенцано – Трактор, еден од најозогласените криминалци на денешницата, починал во болница во Милано на 83 години, соопштија денеска затворските претставници.
Провенцано бил неприкосновен лидер на сицилијанската мафијашка организација Коза Ностра од 1993 до апсењето 2006 година, кога е ставен крај на неговото 43-годишно бегство.
Како млад мафијашки убиец од Корлеоне, место во близина на Палермо, во светот на криминалот го добил прекарот „Трактор“ поради суровиот начин на кој се пресметувал со припадниците на непријателските кланови.
По апсењето тој пател од сериозни здравствени проблеми, па бил префрлен во болницата Сао Паоло во Милано од затворот во Парма, но во болницата се уште бил под максимални безбедносни мерки.