Љубовен хороскоп: Најнесреќни знаци во љубовта оваа година, а најсреќни?

popara2 февруари, 20161min00
4

Овен
Самиот почеток на 2016 ќе биде добар за љубовта посебно за оние слободните. Ќе имате неколку прилики за нова љубовна врска од кои барем една сигурно ќе остварите. Пролетниот период ќе почувствувате мала стагнација и највероватно на ова поле нема ништо да се случува се до месец мај, која состојбата одеднаш станува исклучително поволна. Планетата на љубовта, Венера, ќе биде во вашиот знак преку целиот овој месец и ќе биде добро аспектирана од вашиот владетел Марс. Позитивниот период ќе трае се до јуни, па така и доста овнови во овој период можеби ќе влезат во посериозна љубовна врска, а некои и во брак. Неповолноста на работното место за среќа ќе ја компензирате во љубовта, а тоа и ќе ве прави среќни. Првите проблеми кои ќе ги почувствувате ќе бидат во јуни. Можни се нагли прекинувања кои како причина би биле тајните љубовни врски дали од ваша страна или од страна на партнерот. Највероватно летниот период ќе бидет сами во смисла без љубовен партнер, но затоа пак комуникациите дружењата и патувањата ќе ви бидат особено нагласени. Крајот на летото се појавуваат и некои посериозни проблеми во семејството кои како причина ќе бидат проблемите од работното место или можеби вашата финасиска состојба. Месец август е особено критичен за љубовта, додека пак септември за бракот. Исто така и во октомври продолжува нехармоничноста во семејството и бракот додека првото разведрување и малку посмирена состојба може да очекувате дури во втората половина од декември. Во целост 2016 е позитивна за љубовта особено првата половина, па затоа искористете го овој период за зацврстување на врската.

Бик
Цел јануари и дел од февруари, планетите се одлично поставени за љубов. Единствено мала пречка ќе биде динамичниот деловен живот кој нема да ви даде доволен простор слободно да уживате во љубовта. Ќе имате доста прилики за страствени врски и возбудливи настани. Ќе имате и такви кои ќе бараат од вас да донесете сериозни одлуки. Бидете мудри послушајте го малку и разумот, а не само срцето. Во втората половина на февруарии почнуваат да владеат променливи аспекти, ќе ве зафати делумно љубомоирата и преку целиот период ќе ви биде главен напријател. Ваквата состојба ќе потрае се до Мај, кога вашиот владете, Венера, ќе влезе во вашиот знак. Летниот период ќе ви биде исклучително интересен за слободните Бикови на кои ќе им се овозможи една прилика за воспоставување на повебен однос со необична личност од нивната деловна средина. Оние кои се во врска, летниот период ќе го поминат заедно со партнерот, со многу излегување, патување и сл. Пад на енергијата, а со тоа и зголемена нарвоза, се појавува во август. Одненадеж ќе станете незадоволни од партнерот и неговите постапки, а можеби и ќе се појави на видик и некоја нова љубов па ќе сакате да раскрстите со старата. Монотонијата некако ќе ве гуши па затоа во овој период често ќе излегувате со пријателите кои во последно време сте ги запоставиле. Есенскиот период повторно ќе биде под позитивно влијание, слободните ќе имаат уште неколку нови прилики за влегување во врска, но овој пат ќе има многу поголемо разбирање отколку во летниот период. Ќе бидете полни со разбирање, внимане, љубов и страсти. Зголемената агресивност и желбата за промени можат да бидат критични за вашата врска во октомври и ноември. Постојано ќе бидете во некакво исчекување со разбудени страсти кои тешко ќе се вклопат кај вашиот партнер. Декември ќе успеете да ги надминете сите проблеми па 2017-та ќе ја дочекате со многу позитивна енергија.

Близнаци
Иако ќе бидете помалку меланхолично расположени, сеак може да се каже дека во јануари, ќе бидете исполнети на љубовен план. Добрата комуникација и можните кратки патувања би можеле да ви донесат средби и се разбира љубовни врски, меѓутоа од краток рок. Мала љубовна криза и несогласувања со партнерот, може да се појават доколку сте во врска, меѓутоа сето тоа брзо ќе се надмине во февруари, кога планетата на љубовта поволно ќе се постави за вас и ќе остане во таква положба се до почетокот на јуни. Значи, во целиот пролетен период ќе имате многу прилики за нови љубовни врски и хармонија во љубовта доколку сте заљубени. Првите кризи ќе ви се појават во втората декада од јуни, посено кај Близнаците кои се во долги врски. Слободните, своето незадоволство, ќе се обидат да го решат со бурни и страствени авантури или пак со бегање од љубовта, а како изговор ќе им се најде работата и многуте обврски. Бидете внимателни во овој период околу донесувањето на некои одлуки, бидејќи, голема е веројатноста погрешно да ја процените ситуацијата и да направите катастрофална грешка. Планетите повторно се поставуват во ваша корист во месец јули, кога Венера ќе бидат во вашиот знак. Периодот е особено поволен за љубов во поседната декада од месецот. Во август помалку ќе се оладите од сите тие бурни настани, се некако ќе ви биде здосадено, па повеќе ќе ве интресира дружењето со пријателите отколку љубовта. Од друга страна, како пречка можат да се јават и деловните обврски, па многумина од вас ќе имаат малку време за љубов и романтика. Би било добро да избегнувате секакви расправии во овој период посебно со оние кои ги сакате. Во септрември и октомври ќе бидете особено шармантни и привлечни за околината меѓутоа и многу кобни за туѓите срца. Ова е интересен период за вас, меѓутоа не и за другите, на кои со вашата непосотојаност можете да им нанесете штета. Последните два месеци од 2016 ќе имате периодични кризи во љубовниот живот, но позитивно е тоа, што точно ќе сознаете што сакате од луѓето и дали сте доволно здрели за нешто посериозно во врската. 2016 е поволна година за љубов за Близнаците, посебно за време на летниот период.

Рак
Планетите се одлично поставени за љубов во јануари и би било добро да го искористите овој период за средување на емотивните односи или нови љубовни врски за слободните. Би било добро, овие зимски денови, да ги поминете во магијата на љубовта и страстите, додека оние кои се во брак да уживаат во слаткото помирување со партнерот или пак да остварат некои нови односи кои повеќе ветуваат. Искористете го јануари, бидејќи февруари, ќе се соочите со првите љубовни проблеми, кои ќе се појават поради вашата нагласена агресивност и раздразливост. Ваквата состојба ќе ве прати подолго време, поточно преку целиот пролетен период, во кој постојано ќе имате несогасувања и расправии со партнерот. Ќе го обвинувате за невнимтелност и индиферентност, а неговата воздржаност од расправии уште повеќе кај вас ќе предизвикува бес, па врската може да ја доведе до крај. Слободните може да влетаат во нејасни авантури или пак љубовни врски со агресивни партнери. Како и да е, ќе бидете незадоволни. Новите бранови на љубов и страст, а и романтични приказни, можете да ги очекувате во јуни. Летниот период може да биде многу интересен за Раковите кои се во врска, поточно оние кои го издржале негативниот уплив во пролетниот период. Ќе имате доста хармонични односи со партнерот, а ако сте слободни можете да остварите врска за која долго време сте мечтаеле. После стабилниот и смирен јуни и јули, во август повторно ви се враќаат некои љубовни проблеми, меѓутоа надојдените страсти и исклучителниот шарм и привлечен изглед, во многу ќе ви помогне да ги избегнете проблемите. Некоја личност од минатото би можела да ви ги поремети плановите во септември и повторно да ве вознемири и да ви ги отвори старите рани. Октомври ви носи интензивен друштвен живот со многу динамика и возбудување. Во овој период доста прилики ќе имаат слободните Ракови, а и оние кои се во врска, тешко ќе се воздржат на многуте заведувања од страна на доста симпатични и интересни личности. Во ноември нагласени се некои мали, но сериозни проблеми кои ќе ви донесат нервози и несогалсувања, меѓутоа ќе бидат добра причина за средување на односите во семејството и решавање на некои проблеми кои долго време се завлечкуваат.

Лав

Се ќе почне убаво, но ќе трае кратко само за новогодишните празници. Ќе бидете вистински зимски заведувач кој ќе подарува возбудливи и неочекувани љубовни понуди. Ќе бидете доста комуникативни и ќе имате прилика сите околу вас да ги забавувате. Едноставно ќе уживате во вниманието од околината и обожавателите. Но уште еднаш тоа кратко ќе трае. Веќе веднаш после новогодишните празници почнуваат проблемите. Ќе ве прати чувство на незадоволство и осаменост. Ваквата состојба ќе трае до наредниот месец кога работите одеднаш позитивно се поставуваат. Ќе следат пријатни настани кои помалку ќе ве збунуваат и изненадуваат, меѓутоа во тоа ќе уживате. Слободните ќе имаат прилика да уживаат во комбинација на страсти и егзотика, додека оние кои се во врска ќе внесат нови страсти и обновени емоции. Ваквата состојба ќе ве прати цел пролетен период. Во мај ќе бидете доста популарни кај личностите од спротивниот период и тоа навистина ќе ви годи. Првите летни денови ќе бидете помалку збунети со наглите напади на страст и разгорените емоции. Оние кои се во врска може да западнат во скриена и возбудлива авантура која поради мали грешки може лесно да се открие. Во јули и август повторно ќе бидете под позитивно влијание на планетата на љубовта и после помалку нестабилниот и хаотичен јуни повторно ви се враќа стариот оптимизам и насмевка на лицето. Се до 21 септември ќе уживате во средените односи со партнерот и неговата прегратка. Првите сериозни проблеми ќе ви се појават во ноември кога се можни нагли прекини на врската, а кај некои можат да завршат и со афери. Долгорочните врски ќе почнат да заладуваат како и атмосферата во семејството доколку сте во брак. Ваквата состојба ќе се стабилизира дури во декември кога ќе ви требаат многу повеќе сила, енергија и трпеливост за да ги решите направените проблеми. Оние кои полесно ќе поминат во декември не им останува ништо друго освен да се зафатат со веслба, ведро расположение и задоволно да размислуваат за деновите кои донесуваат нови предизвици и возбудувања.

Девица
Големиот шарм и привлечност ќе бидат основни карактеристики за Девиците во месец јануари. Постојано ќе бидете опкружени со додворувачи кои ќе ви обрнуваат големо внимание, а тоа се разбира дека добро ќе ви дојде. Добро ќе биде ако и целата година биде како јануари, но за жал од февруари ќе се соочите со љубовните проблеми. Ќе ви се појави некоја желба за нешто забрането, нешто таинствено, а таквите желби можат да ве натераат да направите некои погрешни чекори или ако не повеќе да се одалечите од партнерот. Позитивно е тоа што ќе бидете доста прилагодливи, а можеби и набрзо ќе ги корегирате грешките. Ваквата состојба ќе трае се до мај кога Венера ќе влезе во вашиот пријателски знак на Бик, па ќе ви разбуди желби за промени и динамика. Во овој месец ви се отвораат нови љубовни познанства кои можат да го збогатат вашиот љубовен живот и малце да ги подпрошират вашите љубовни сваќања. Преку целиот летен период ќе водите богат друштвен живот исполнет со флерт и многу авантури додкеа оние кои се во врска ќе уживаат во складната комуникација и дружењето со партнерот. Мали проблеми и несогласувања ќе ве зафатат во август. Овој е критичен месец за оние кои пресно ја започнале врската. Со влегувањето на Венера планетата на љубовта во вашиот знак кон средината на август, сите љубовни проблеми ќе прекинат, а вие влегувате во период на романтика исполнет со многу топлина и пријатни настани. Слободните ќе имаат исклучително добри прилики за нова љубовна врска и тоа ако не го сторат во овој период подоцна можеби ќе немаат прилика тоа да го сторат. Во октомври и ноември вашиот љубовен живот ќе влезе во период на стагнација и незадоволство, а деловните обврски ќе ве натераат да размислувате на прекин со партнерот и да се откажете од борбата за хармонизирање на работите. Ви треба повеќе трпение бидејќи во декември влегувате во добар период во кој сите проблеми во љубовта ќе прекинат

Вага
Во емотивен живот, позначајни збиднувања очекувајте во втората половина на годината. Иако извесни бранувања во љубовниот живот ќе се забележат и на почетокот на февруари, сепак до посериозни познанства и до ваше поголемо ангажирање на ова поле ќе дојде на почетокот на летната сезона. Во март нагласени ви се проблемите во семејството и тоа највероватно ќе биде релација татко-син. Пролетниот период ќе помине без некои посебни збиднувања додека повторно во месец мај семејните проблеми не кулминираат. Во јули ќе имате прилика да му ставите крај на семејните проблеми, меѓутоа ќе ви треба помош од целото семејство. Во овој период ви се откриваат и некои тајни во врска со некоја стара љубов, па постои можност за обновување на истата. Месец август сите активности ќе бидат поврзани со љубовта само овој период ќе морате да внимавате да не бидете измаемни од страна на партнерот или вие да го направите истото, па да бидете откриени. Како и да е, во овој месец тајните ќе бидат многу кратки. Слободните со помош на блиски пријателли ќе се потрудат да влезат во врска за која и самите ќе бидат сигурни дека не е онаа вистаинскта која ја посакуваат. Највероватно кратко ќе трае, но ќе ви донесе големо искуство. Септември не е добар за Вагите во брак. Ќе имате доста недоразбирања со партнерот, проблеми во комуникацијата и секако со финансиите. Некој ќе троши многу повеќе отколку што ќе заработува и тоа секако дека ќе биде проблем. Ќе почуствувате дека не е во ред нешто со вашиот партнер и ќе се обидете да му помогнете. Меѓутоа тоа уште повеќе ќе ве одалечи, па во еден момент навистина не ќе знаете што да правите. Можеби најдобро е да ги прифатите работите такви какви што се без многу драматизирање. Издржете го овој месец веќе кон самиот крај облаците се разидуваат, па тогаш ќе можете да донесете некои посериозни одлуки. Во октомври и ноември овие проблеми ќе се надминат кога односите конечно ќе се хармонизираат, а ќе му се стави и крај на некои минат прооблеми кои долго време сте ги одложувале. Во декември, слободните ќе продолжат со возбудувањата преку целиот период. Кратката љубовна авантура ќе ви остави добар впечаток, па сега се обидувате да ја поправите.

Скорпија

Зимскиот период ќе биде во знакот на љубовта за сите Скорпии. Пречка ќе ви биде зафатеноста во деловниот живот, па не ќе можете целосно да се посветите. Во моментите кога ќе престанат деловните активности поради кои ќе ги потиснувате сите останати проблеми ќе се насочите кон размислувања за вашиот љубовен живот. Во таквите моменти ќе ви пукаат старите страсти, па тешко дека ќе можете да останете рамнодушни. Многумина од вас немајќи време да се посветат на овој дел од животот можеби ќе и се вратат на некоја стара љубов. На оние на кои работата им е порелаксирана ќе имаат многу прилики за нова врска. Ќе сретнете неколку личности кои ќе ги возбудувате веќе на прв поглед, а интересто се повеќе ќе се зголемува како подлабоко навлегувате во комуникацијата. Скорпиите во брак и оние во трајните врски конечно ќе успеат да решат некои несогласувања со партнерот. Не го одложувајте разговорот со партнерот, сторете го тоа до почетокот на пролетта, бидејќи подоцна нема да имате така поволни прилики. Последната декада од март е помалку незгодна за брачните врски, расправиите ќе бидат чести, но донекаде и позитивни, ќе ви помогнат да ги преуредите односите со партнерот и така повторно да се разгорат старите страсти, доколку врската ви се истрошила. Бидете сигурни дека расправиите ќе ве спасат од конечниот прекин. При тоа цело време имајте на ум што сакате и што очекувате од партнерот а и од самата врска. Само со такви претпоставки ќе можете да ја решите ситуацијата и за двете страни. Во летниот период мора да бидете внимателни, ве очекува некое разочарување од страна на партнерот и нагло прекинување на врската. Есенскиот период ќе ви биде комплетно насочен кон љубовта посебно во октомври и ноември кога ќе ги искористите последните шанси за влегување во нова љубовна врска која ветува нешто повеќе од забава. Ноември ќе биде плоден за слободните.

Стрелец
Постојано ќе бидете опкружени со атмосфера на незадоволство и расправии со партнерот и личностите кои ги сакате. Ќе се трудите на бесмислен начин да ги решавате проблемите, а тоа ќе биде или со кратки и неморални авантури или со купишта на деловни обврски. Студениот февруари полека ќе ги смирува надојдените проблеми, а жестоките расправии одеднаш ќе се претворат во љубов и разбирање. Звучи малку неверојатно, меѓутоа како работите се средуваат на работното место, така ќе се средуваат и работните проблеми. Целиот пролетен период, се до јуни, ќе уживате во складниот љубовен живот. Слободните ќе имаат изразен нагласен шарм и нагласена привлечност кој ќе ви овозможат без многу труд да ги остварите своите фантазии и да ја заведете личноста која подолго време ја посакувате. Јуни ќе биде доста непредвидлив месец, интензивносто дружење со пријателите ќе ви оневозможи да внесете нова живост и страст во врската. Набрзо ќе сватите дека сте погрешиле, а тоа ќе се случи откако вашиот партнер ќе стане нервозен и раздразлив, па во јули ќе се обидете да ги средите односите. Во тоа и ќе успеете, романтично патување или летување со партнерот ќе му стави крај на проблемите. Слободните ќе бидат помалку неодлучни, постојано ќе бидат со неконтролирани и нејасни страсти, па можеби летниот период да го поминат сами. Но затоа пак, есента, нуди многу повеќе, посебно месец октомври кога повторно ви се враќа стариот шарм и привлечност. Овој месец е добар за слободните, но и за зафатените ако може така да се каже. Желбата за промени и возбуди може да ве одведе во туѓа прегратка и почеток на нова љубовна приказна. Во ноември и декември ќе внесете нов бран на оптимизам и среќа во вашиот љубовен живот. Овие два месеци се добри за брак, хармонизирање на врските и разнишување на оние разнишаните. Ќе уживате во хармоничниот живот со партнерот и со сигурни чекори ќе влезете во наредната календарска година. Во целост ве очекува доста интересен љубовен живот преку целата година, исполнет со голем број на цврсти врски но и по некоја авантура.

Јарец
Во јануари ќе имате изразена желба за дружење и комуникативност. Речиси цел месец ќе го поминете во атмосфера на хармонија со многу нови пријателски односи а помалку љубовни. Јарците кои се во врска ќе постигнат извонредно добри односи со партнерот и конечно некако ќе се зближат. После помалку нестабилниот февруари, кој ќе го поминете без многу значајни настани, во првите пролетни денови планетите ќе ве надарат со неодолив шарм, која на многу слободни Јарци ќе му овозможи страствена љубовна авантура која долго време ќе ја паметат. Оние кои се во врска, можат да очекуваат голем број на промени кои ќе им овозможат поголемо уживање во врската. Промените тешко ги прифаќате, меѓутоа овој пат ќе ги прифатите без многу двоумење, а тоа е знак дека сте заљубени. Мај ве зафаќа помалку променлива клима. Ќе ве зафати некоја желба за слобода, па можеби многу Јарци кои имале среќни врски да останат сами во овој период. Од јуни повторно влегувате во позитивен период за љубовта, но овој пат со исклучителна смисла за рамантика и нежност. Ваквите афинитети ќе ви донесат пријатни љубовни односи и зацврстување на врската. Слободните ќе се трудат да влезат во нова љубовна врска, меѓутоа за тоа ќе мора да причекаат дури до средината на август. Септември е особено добар за нови љубовни почетоци, па затоа не се трудете по секоја цена да влезете ви љубовна врска во летиниот период. Есенскиот период ќе бидете во доста големи недоумици. Ќе ве зафати недоверба во односот со партнерот и постојано ќе ве наведува на размислување околу вашите желби и длабината на вашите чувства. Коолминација на незадоволствата ќе ве зафати во ноември и овој месец можже да се каже дека ќе биде најкритичниот за вашата љубовна врска и доколку сите проблеми ги надминете, очекувајте во декември повторно да уживате и новата година да ја дочекате заљубени и среќни.

Водолија
Првите неколку дена од новата година ќе ви бидат доста пријатни на љубовен план, меѓутоа набрзо потоа ќе се соочите со некои проблеми. Обидете се да ги смирите надојдените емоции кои ќе ги чувствувате, а секако дека тоа нема да ви биде лесно. Највероватно скоро сте ја прекинале врската и сега ви треба опоравување. Обидете се колку можете побргу да заборавите на минатото и погледнете пред себе бидејќи веќе од февруари планетите позитивно се поставуваат за вас и ваквата состојба ќе остане се до летниот период. Слободните ќе имаат безброј романтични прилики особено во март. Ви се нудат огромни можности да налета онаа вистинската личност, па не ја пропуштејте приликата. Водолиите во брак преку целиот пролетен период ќе бидат непрепознатливо романтични, па можеби ќе го збунат партнерот. Во летниот период, иако ќе бидете презафатени со деловните обврски сепак нема да ја заобиколите љубовта. Ќе имате силна желба за влегување во нова љубовна врска, а шансите за да влетате во некоја која ќе трае подолго ви се големи. Август ќе биде месец во кој најповеќе ќе се дружите. Од ваквиот друштвен живот би можела да се појави нова љубов, меѓутоа сега тоа нема толку да ве интересира. Доволни ќе ви бидат некои минливи авантури кон кои ќе немате некои посебни обврски. Септември нема да биде пријатен месец, ќе ве зафати помала депресија која ќе ја пренесете и во октомври. Ако во овие два месеци ја прекинете врската имајте на ум дека тешко ќе се опоравите од последиците. Во ноември состојбата видливо се поправа, ќе ви се врати оптимизмот и самодовербата, па доколку не сте прекинале со партнерот во претходните два месеци тоа ќе биде доказ колку е силна вашата љубов. Среќниот период ќе продолжи во декември.

Риби
Во љубовта состојбата е слична како во работата. Бран на силни емоции ве зафаќаат уште на самиот почеток од годината. Очекувајте нови почетоци, нова љубовна врска и сл. Искористе го максимално првиот месец од годината, бидејќи понатаму, се до летниот период ќе ве следат променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот и дали е време да го промените. Очигледно дека сте незадоволни од неговото однесувањето па размислувете како ќе постапите. Можеби во прашање е и желбата за промени. Исклучителна прилика за авантура очекувајте во јуни. Воопшто летниот период е одличен за слободните, на кои им престои период полн со многу кратки љубовни авантури. Но да ве предупредиме дека ќе следи и разочарување. Оние кои се во сериозна врска, најповеќе разбирање со партнерот ќе имаат токму во овој период. Можни се мали љубовни незадоволства во месец септември, но со малку толеранција тоа ќе го средите. Октоври може да биде доста критичен за љубовта бидејќи токму во овој месец Венера планетата на љубовта е неповолно поставена спрема вашето соѕвездие. Обидете се да најдете разбирање со партнерот. Месец ноември ќе биде добар за отпочнување на нова љубовна врска, меѓутоа со голема претазливост бидејќи можете да западнете во интриги и игри на некои од вашите пријатели или непријатели. Не дозволувајте работите да излезат од контрола, тоа може да ви оди на голема штета за целата наредна година. Кратки и експлозивни пробелми во љубовта можно е да се појават во месец декември. Можен е скандал во кој ќе бидат вклучени и родителите, или пак ќе се работи за врска со поголема разлика во годините. Исто така во овој месец нагласени ви се конфликтите со некои членови од семејството кои највероватно ќе се појават поради вашата напнатост во комуникациите. Бидете внимателни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag