
Откако Ламар Одом паднал во кома поради предозирање и започнал борба за живот а докторите давале лоши прогнози, Клое Кардашиан му се посветила во целост. Љубовта очигледно лечи сè.

Кошаркарот Ламар Одом преживеал покрај Клое Кардашиан, која го следи во чекор.
Клое останала со него во најтешките времиња, а документите за развод кои ги претходно дала, ги повлекла. Доколку се суди по фотографиите, нивниот однос е прилично идиличен, бидејќи заедно летале во приватен авион до Њујорк, а потоа на самата ревија изгледале прилично блиски.

Пред неколку дена, Ким објавила фотографија на која открила тренира во природа заедно со Ламар и Клое. Клое и Ламар имаат една љубовна приказна која очигледно не завршува.
