Бившата на раперот 50 Cent се појави во провиден фустан!

19 февруари, 20160
5

Поранешната девојка на раперот 50 Cent, Данфе Џој (28), прошетала по модната писта на Недела на модата во Њујорк облечена во сосема провидна светликава тоалета.

28 – годишната раскошна убавица е сопственичка на облини кои не може да останат незабележливи, па токму поради тоа, на ревијата на Вилфредо Џерардо носела сосема провидна светкава тоалета, под која се гледала нејзината долна облека.

Таа е позната по тоа што сака да ги истакнува своите раскошни и заводливи облини во јавност, а се чини дека тоа воопшто не му пречи на нејзиното момче, пејачот Џејсон Деруло (26), кој на социјалните мрежи и порачал на својата сакана дека изгледала неверојатно на модната писта.

Исто така, тој ѝ честитал на оваа убавица за добриот настап и подоцна во бекстејџот со бакнеж и силна прегратка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *