Машки тајни што треба секоја жена да ги знае

popara2 ноември, 20161min00
5

Врските често знаат да бидат полни со неспретни ситуации, воглавно поради тоа што мажите и жените не умеат да ги прочитаат сигналите кои меѓусебно си ги праќаат едни на други. За да ја олесни оваа ситуација за сите, Роберт Мани, автор на книгата „The guy’s guide to love“, им открива на жените мали машки тајни кои ќе им помогнат да сватат како функционира машкиот мозок.

Несигурни се

Повеќето мажи признаваат дека во нив се крие зрно на несигурност кога и приоѓаат на жена која им се допаѓа, дури и кога делуваат потполно сигурни во себе.

Повремено сакаат да ги заменат улогите на ловец и плен

Мажите сакаат да играат ловец, но исто така повремено сакаат и да бидат „плен“ поради тоа што често не знаат правилно да ги прочитаат нашите сигнали. Затоа ќе ви бидат благодарни ако јасно им дадете до знаење дека ви се допаѓаат.

Не памтат детали

Додека ние во нашата меморија ги пакуваме сите ситници што сме ги дознале за нив, тие своите ги „филтрираат“ и не памтат многу од работите што ги споделуваме со нив. Меѓутоа, тие успешно надокнадуваат за тоа. Кога ќе им раскажете некој свој проблем, тие веднаш ќе пробаат да ви помогнат да го решите (а потоа ќе го заборават проблемот).

Сакаат кога ја цените нивната смисла за хумор

Секако, сакаат и кога ќе им го покажете тоа, затоа смејте се на нивните шеги без воздржување (секако, само ако ви се смешни).

Патот до нивното срце навистина води преку стомакот

Обожаваат да јадат, тоа не го кријат и затоа добро искористете ја оваа информација. Ако не сакате да готвите, излезете со него на место каде има храна, сигурно ќе го цени тоа.

Сакаат девојки кои можат да ги одведат кај мајка им

Дури и ако не го направи тоа веднаш или сака да причека со запознавањето, мажот секогаш сака поред себе девојка која може да ја претстави на семејството и пријателите.

Добриот маж не сака да се менувате поради него

Бидете најдобрата верзија од себе, чувствувајте се комотно и тој ќе биде среќен со вас. Не дозволувајте несигурните мажи да ве менуваат поради нивните сопствени комплекси. Ако не ве сака вас таква како што сте, тогаш заслужувате подобар маж.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag