Што мора секоја жена да има во торбата

2 ноември, 20160
4

Иако во торбите на повеќето жени може да се најде скоро сé што можеме да замислиме, некои од тие работи се навистина неопходни и нивното носење може да ви го разубави денот, како што нивниот недостаток може да ви го расипе денот.

Таблети против болки

Веројатно веќе неколку пати сте се нашле во ситуација каде главоболката, болка на заб или некоја друга ви го расипале расположението. Тоа се ситуации кога би дале сé на светот за таблета која ќе ви ја смири болката. Ја превртувате целата торба но не наоѓате ништо. Изгледа како да е болката во дослух со сите други, затоа што никој нема таблета. Затоа учете од болните грешки и секогаш имајте таблета при рака, а две во својот несесер за изненадни ситуации.

Игла и конец

Не, тоа не значи дека ќе крпите чорапи додека сте на кафе во центарот на градот. Но ќе ви послужи во ситуации како разговор за работа, кога недостатокот на копче на кошулата и нема да биде толку смешно.

Влажни марамчиња

Дури и секогаш да ги чистите наочарите пред да излезете од куќата, воопшто не е голем проблем да ги извалкате со нешто повторно. За да би можеле без проблеми подобро да ги приметувате згодните момци околу вас, ставете влажни марамчиња во својот несесер. Исто така, ако ви се одолговлече работниот ден на работа или на факултет, добро е да имате влажни марамчиња со кои ќе се освежите.

Огледало

Огледалото е секако многу важна работа за секоја жена. Затоа што кога конечно ќе се обратите на некое симпатично момче на станицата, сакате тој да се насмее на вашите смешни приказни за претходниот викенд, а не на остатоците од оброкот меѓу вашите заби.

Маскара

Пријателката ви организирала изненаден состанок со дечкото кој ви паднал во очи, но целиот ден сте го поминале на работа и изгледате малку неугледно. За да не би се нашле во вакви проблеми, кога ќе купите нова маскара, старата ставете ја во несесерот. Ќе ви послужи за итни ситуации. Истакнатите очи ќе направат да изгледате поубаво а и да се чувствувате подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma