За да го освоите машкото срце не ви се потребни килограми шминка или надградба на косата. Мажите преферираат природна убавина, вели заклучокот од истражување на Heat Magazine.
Вештачкиот тен, вештачките трепки, ботоксот, градните импланти, тетоважите и пирсовите се на листата на најнепривлечните нешта што може една жена да ги поседува.
Од 2000 испитаници, 80% изјавиле дека мразат вештачки трепки, 84% дека им се одбивни женските тетоважи, 90% се против пирсовите, 73% се против градните импланти, а цели 96% против користењето ботокс.
Па, се прашувате што сакаат мажите? Одговорот е – убаво лице. Повеќето мажи (66%) изјавиле дека им е поважно нивната партнерка да има убаво лице отколку убаво тело. Дури 68% од анкетираните мажи признале дека сакаат тело со облини.
„Повеќето момци побрзо би излегувале со девојка со убаво лице како Адел, отколку со опседната со вежбање како Камерон Дијаз“ – изјавила уредничката Луси Кејв.