Сексуалната привлечност е најважна за мажите

27 јануари, 20160
12

Не залудно се вели дека мажите се визуелни суштества. Ново австралиско истражување покажало дека убавиот надворешен изглед им е најважен на мажите при изборот на партнерка.

Иако многу мажи негираат дека избираат девојка според изгледот, сепак мнозинството мажи „паѓаат“ на сексуално привлечни жени.

„Она што навистина го сакаат се одлични гради, добар задник, фокус на модата и заеднички интереси“ – изјавил Дерек Џонс, автор на истражувањето.

Но, изгледот не е единственото нешто што ги задржува мажите до одредена жена. Тие уште и сакаат искреност, почит, поддршка, смисла за хумор, убави очи и насмевка и авантуристички дух.

Овие заклучоци биле презентирани во извештајот „Што мажите навистина сакаат кај жените“, базиран на истражување во кое учествувале 3000 мажи.

Истражувањето покажало дека додека на мажите најважни им се сексуалната привлечност, приземното однесување и поддршката, на жените најважна им е личната хигиена на партнерот и неговиот однос кон нејзините блиски пријатели и семејството.

Експертите тврдат и дека на жените им е многу важна сексуалната привлечност на мажите, но не го признаваат тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi