Милијардер пријавил киднапирање на сопругата, а потоа се шокирал!

16 септември, 20160
7

Италијански милијардер, кој живеел во страв дека сопругата му е киднапирана, останал причично изненаден и шокиран кога на Инстаграм ја открил вистината.

Имено, Џианлука Червара се обратил во полиција откако исчезнала неговата љубов, бившата Мис на Украина, Ана Заиачкивска, верувајќи дека е киднапирана.

Меѓутоа, наскоро на социјалните мрежи открил фотографии од својата сопруга како позира со друг маж во хотел со пет ѕвезди, и тоа со коментар „слобода“.

Тоа се случило неколку месеци по венчавката, пишува британски Мирор. Червара сега покренал тужба против Ана која со ова го прекршила предбрачниот договор, а наводно од заедничкиот дом украла пет илјади фунти и мобилен телефон.

Џианлука не можел да се воздржи па под фотографијата оставил коментари, а меѓу другото напишал: „Твојот сопруг во Милано и родителите ти заблагодаруваат што си во Њујорк со друг маж“.

Меѓутоа, Ана тврди дека избегала бидејќи сопругот бил физички насилен и и било доста од животот во „златен кафез“. Тврди дека при една караница тој ја плукнал. Таа освен тоа е лута на Червара што не и подарувал доволно внимание кога „со недели имала главоболки“.

Секако, Червара тврди поинаку – смета дека Ана во Њујорк работи како модел, а за целата ситуација лаже. „Објави куп фотографии од хотел со пет ѕвезди на кои позира со друг маж. Воопшто не изгледа несреќно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma